fbpx

Ватикан не одобри, туку даде благослов за истополови бракови

Ватикан смета дека бракот е нераскинлива заедница меѓу мажот и жената. Како резултат на тоа, долго време се спротивставува на истополовите бракови и смета дека хомосексуалните дејствија се „суштински нарушени“. Ништо во новиот документ не го менува тоа учење

-

Ватикан не одобрил истополови бракови, ниту, пак, одобрил римокатоличките свештеници да венчаваат хомосексуални парови, како што тврди оваа објава. Она што Ватикан го одобри е давање благослов на паровите „кои се во невообичаени ситуации, како и истополовите парови“, но без каква било ритуализација или да се остави впечаток на брак. Доктрината на Ватикан во врска со бракот не се менува, а благословот не означува одобрување на истополовата заедница, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Анализираме објава на Фејсбук која тврди дека Ватикан одобрил истополови бракови и дека римокатоличките свештеници ќе можеле да венчаваат маж со маж и жена со жена. Ваквото тврдење не е точно.

Ватикан одобри истополови бракови. Римокатоличките свештеници ќе можат да венчаат маж со маж, жена со жена. СРАМОТА, стои во објавата.

Ватикан не одобри истополови парови, ниту пак, одобри римокатоличките свештеници да венчаваат геј парови. Папата Франциск на 18 декември 2023 година одобри благослов за истополовите парови, што означи промена во ставот на католичката црква кон ЛГБТК+ заедницата.

Во документот објавен од доктриналната канцеларија на Ватикан (и потпишан од папата) се вели дека на римокатоличките свештеници ќе им биде дозволено да ги благословуваат паровите „кои се во невообичаени ситуации, како и истополовите парови“.

Документот прецизира дека благословот официјално не го потврдува статусот на парот, ниту го менува „вечното учење на Црквата за бракот“.

Исто така, се нагласува дека благословот не треба да се случи истовремено со церемонијата на граѓанска заедница и не може да се врши со каква било облека или гестови поврзани со свадби, за да се избегне „секаква форма на конфузија или скандал“.

Но, се вели дека овој потег „имплицира вистински развој во однос на она што е кажано за благословите“.

Кога луѓето бараат благослов, не треба да се прави исцрпна морална анализа како предуслов за да се даде. Зашто, од оние што бараат благослов не треба да се бара претходно морално совршенство, се вели во документот, пренесува Рацин.мк.

Ватикан смета дека бракот е нераскинлива заедница меѓу мажот и жената. Како резултат на тоа, долго време се спротивставува на истополовите бракови и смета дека хомосексуалните дејствија се „суштински нарушени“. Ништо во новиот документ не го менува тоа учење, пишува АП.

Со Декларацијата „Fiducia supplicans“ издадена од Дикастеријата за доктрина на верата, одобрена од папата Франциск, ќе може да се благословуваат истополовите парови, но без каква било ритуализација или да се остави впечаток на брак. Доктрината во врска со бракот не се менува, а благословот не означува одобрување на заедницата, пишува на веб-страницата на Ватикан њуз.

Промената на ставот следи по писмото што папата Франциск го испрати до пет кардинали во текот на летото, а е објавено во октомври, во кое се навестува можноста да се дозволи благослов за истополовите парови.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека Ватикан не одобрил истополови бракови, ниту пак, одобрил римокатоличките свештеници да венчаваат хомосексуални парови, како што тврди објавата што ја анализираме. Она што Ватикан го одобри е давање благослов на паровите „кои се во невообичаени ситуации, како и истополовите парови“, но без каква било ритуализација или да се остава впечаток на брак. Доктрината на Ватикан во врска со бракот не се менува, а благословот не означува одобрување на заедницата. Според сето ова, објавата што ја анализираме е неточна.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За една година, бројот на случаи на морбили во светот речиси се удвоил

Бројот на случаи на мали сипаници ширум светот речиси се удвоил од 2022 до 2023 година, покажува ново истражување, што претставува предизвик за напорите за елиминација во многу земји,...