недела, 8 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: Ватикан | 50 резултати

Трамп и Зеленски разговараа во базиликата „Свети Петар“ пред погребот на папата Франциск

26 април 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски утрово разговараа за војната во Украина, во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, неколку минути пред почетокот на погребната миса за папата Франциск, во време кога Белата куќа инсистира на постигнување мировен договор. Фотографијата објавена од Украинското претседателство покажува дека двајцата лидери седат еден спроти друг, без […]

Не е точно дека папата Франциск починал многу порано, за сега да биде прогласен за светец

24 април 2025

Папата Франциск почина на 21 април 2025 година на 88-годишна возраст. Претходно лежеше пет недели во болница борејќи се со пневмонија и не може да се каже дека е чудно тоа што починал. Фактите говорат дека тој бил жив до денот кога беше објавено дека починал. Нема ништо невообичаено во неговата смрт, ниту пак датумот […]

Светот се збогува со папата Франциск: Неговиот последен велигденски говор повикуваше на мир, сочувство и солидарност

21 април 2025

Папата Франциск почина денеска (понеделник 21.04.2025 г.) на 88-годишна возраст, само ден по неговото последно појавување на балконот на базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, каде што одржа обраќање по повод Велигден. Неговата смрт следуваше по подолг период на влошено здравје и респираторна криза што го остави во критична состојба во последните месеци. На Велигден, тој […]

Почина папата Франциск

21 април 2025

Папата Франциск почина на 88-годишна возраст, соопшти Ватикан. Поглаварот на Римокатоличката црква, кој беше бискуп на Рим и духовен водач на повеќе од милијарда верници, стана папа во 2013 година, откако неговиот претходник Бенедикт Шеснаесетти поднесе оставка. Веста за смртта на поглаварот на Римокатоличката црква ја соопшти кардиналот Фарел. „Драги браќа и сестри, со длабока […]

Папата Франциск на апарат за дишење откако доживеа ненадеен респираторен напад

28 февруари 2025

Папата Франциск доживеа ненадеен респираторен напад денеска попладне и беше ставен на апарат за дишење, објави Ватикан, а пренесе Си-Ен-Ен. Нападот бил комплициран и вклучувал повраќање, соопшти Ватикан. Медицинскиот персонал најпрво го третирал проблемот со повраќањето пред да го стави папата на механичка вентилација, се вели во соопштението. Ватикан додаде дека Франциск „останал буден и […]

Папата Франциск има двојна пневмонија, тестовите открија „комплексна“ медицинска состојба

19 февруари 2025

Од Ватикан соопштија дека Папата Франциск е дијагностициран со двојна пневмонија откако понатамошните тестови покажале „комплексна“ медицинска состојба, пренсува Гардијан. Понтифот, кој има 88 години, направил рендген на градите, кој „покажал почеток на билатерална пневмонија што бара понатамошна фармаколошка терапија“. Терапијата со антибиотици и кортизон за третман на претходно дијагностицираната полимикробна инфекција на респираторниот тракт […]

Ватикан не одобри, туку даде благослов за истополови бракови

28 декември 2023

Ватикан не одобрил истополови бракови, ниту, пак, одобрил римокатоличките свештеници да венчаваат хомосексуални парови, како што тврди оваа објава. Она што Ватикан го одобри е давање благослов на паровите „кои се во невообичаени ситуации, како и истополовите парови“, но без каква било ритуализација или да се остави впечаток на брак. Доктрината на Ватикан во врска […]

Џафери на аудиенција кај Папата Франциск во Ватикан

24 мај 2023

Државно – црковна делегација предводена од претседателот на Собранието, Талат Џафери, ќе присуствува на молебен во базиликата „Сан Клементе” во Рим, каде што ќе положи венец на гробот на Св. Кирил и ќе положи цвеќе пред спомен – плочата на македонски јазик во чест на Св. Кирил во базиликата „Санта Марија Маџоре”. Традиционално, делегацијата присуствуваше […]

Млади музичари од МБУЦ „Илија Николовски-Луј“ ќе настапат на чествувањето на Светите Кирил и Методиј во Рим

23 мај 2023

Државно-црковна делегација од Република Северна Македонија од денеска престојува во Рим и во Ватикан, каде ќе се поклони на гробот на Свети Кирил, во рамките на одбележувањето на традиционалната манифестација „Македонија во чест на Свети Кирил“. Делегацијата ја предводи претседателот на Собранието, Талат Џафери. Во рамките на културната програма, попладнево во салата „Балдини“ во Рим, […]

Ватикан не го добил името по божица на подземјето

28 април 2023

Името на Ватикан не потекнува од Ватикана, божица на подземјето, ова е неточна информација, всушност, таква божица со такво име не ни постои. За време на Римската Република, името „Ватикан“ се однесувало на Агер Ватиканус, мал рид и рамнина на западниот брег на реката Тибар. Оваа населба во голема мера била ненаселена благодарение на неговата […]

Папата Франциск донесе историска одлука: Жените ќе имаат право на глас во Синодот на бискупите

27 април 2023

Папата Франциск одлучи на жените да им даде право на глас на претстојниот состанок на бискупите, промена без преседан која ги одразува неговите надежи на жените да им даде поголеми одговорности за донесување одлуки, пренесе Гардијан. Тој ги одобри измените на нормите кои го регулираат Синодот на бискупите, тело на Ватикан кое ги собира светските […]

[ВИДЕО] Ковачевски на средба со папата Франциск: Верувам дека плодната соработка со Ватикан ќе се продлабочи

23 мај 2022

Државно-црковната делегација на Република Северна Македонија предводена од премиерот Димитар Ковачевски при денешната посета во Рим и Ватикан по повод чествувањето на Светите Кирил и Методиј оствари средба со Неговата светост Папата Франциск. За време на разговорот на аудиенцијата кај Светиот отец Франциск беше истакната улогата на Светите браќа Кирил и Методиј кои со својата […]

Државниот врв на посета во Рим за чествувањето на празникот Св. Кирил и Методиј

23 мај 2022

Министерката за култура, Бисера Костадиновска – Стојчевска во состав на државно-црковната делегација предводена од претседателот на Владата, Димитар Ковачевски по повод утрешниот државен празник, чествувањето на светите Кирил и Методиј денеска и утре престојуваат во Италијанската Република и Светиот Престол. Костадиновска-Стојчевска, во рамките на културната програма за чествување на манифестацијата „Денот на свети Кирил“, денес […]

Претседателот Пендаровски му подари на Папата Франциск дрес од македонската фудбалска репрезентација

27 мај 2021

На денешната аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, претседателот Стево Пендаровски на Папата Франциск му подарил дрес од македонската фудбалска репрезентација, објави шефот на македонската држава на својата официјална Фејсбук-страница. Според објавата за денешната аудиенција, првиот човек на државата вели дека е потврдено искреното пријателство и длабоките врски меѓу Светата Столица и Република Северна Македонија. […]

Папата Франциск ја именува Натали Бекарт за потсекретар во Синодот, прва жена во Ватикан на оваа функција

7 февруари 2021

Папата Франциск ја именуваше французинката Натали Бекарт за потсекретарка на бискупскиот Синод. Таа е прватa жена во Ватикан на оваа функција, која ќе има право на глас, пишува лондонски „Гардијан“. Натали Бекарт е една од двајцата нови потсекретари именувани во Синодот, бискупско тело кое ги проучува главните прашања на доктрина на Римокатоличката црква, каде беше […]

Стојанов: Папата доаѓа поради блиските односи на двете држави, верниците и Мајка Тереза

24 април 2019

Направени се сите потребни подготовки за да го дочекаме еден од најзначајните светски и верски лидери, светиот отец папата Франциск, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција пред спомен-куќата на Мајка Тереза. Тој додаде дека ова се случува на одбележувањето на 25-годишниот јубилеј од воспоставување на дипломатските односи помеѓу нашата држава и Ватикан. „Со посетата […]

Премиерот Заев и владина делегација на аудиенција кај папата Франциск

25 мај 2018

Премиерот Зоран Заев за време на посетата на Рим и во рамките на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, имаше тет-а-тет средба со папата Франциск, а потоа владината делегација беше примена на аудиенција во Ватикан. Заев ја повтори отворената покана за папата Франциск во блиска иднина да ја посети нашата земја, која би била […]

Заев и Борисов на 24 мај во Рим заеднички ќе се поклонат на гробот на Свети Кирил

14 мај 2018

Премиерите на Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, со владини делегации на 24 мај, четврток, во базиликата „Свети Климент“ во Рим заедно ќе положат венци свежо цвеќе на гробот на Свети Кирил, соопштија од Владата. Потоа, македонската делегација ќе се упати кон базиликата „Санта Марија Маџоре“ каде ќе положат свежо цвеќе на спомен […]

Иванов на аудиенција кај папата Франциск

26 мај 2017

Претседателот Ѓорге Иванов денеска во Ватикан ќе има аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, а ќе оствари средба и со државниот секретар на Светиот престол, кардиналот Пјетро Паролин, соопштија од кабинетот на претседателот. На аудиенцијата ќе присуствува и министерот за надворешни работи во заминување Никола Попоски, кој ќе го придружува Иванов на средбата […]

Попоски утре на манифестацијата „Македонија за св.Кирил“

23 мај 2017

Министерот за надворешни работи во заминување, Никола Попоски утре ќе ја предводи државно црковната делегација на гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим со кој ќе чиноначалствуваат митрополитот дебарско – кичевски Тимотеј и митрополитот европски Пимен, при што ќе положи цвеќе на гробот на светителот. Попоски заедно со претседателот Ѓорге Иванов на […]

Страна 1 од 3