fbpx

Државниот врв на посета во Рим за чествувањето на празникот Св. Кирил и Методиј

-

Министерката за култура, Бисера Костадиновска – Стојчевска во состав на државно-црковната делегација предводена од претседателот на Владата, Димитар Ковачевски по повод утрешниот државен празник, чествувањето на светите Кирил и Методиј денеска и утре престојуваат во Италијанската Република и Светиот Престол.

Костадиновска-Стојчевска, во рамките на културната програма за чествување на манифестацијата „Денот на свети Кирил“, денес пред концертот реномираниот тенор Благој Нацоски ќе се обрати во салата „Балдини“ во Рим.

Нацоски ќе настапи со пијанистот Алесандро Д‘Агостини со програма составена од дела на Страдела, Хендл, Хајдн, Фирфов, Тодор Скаловски, Трајко Прокопиев, Благој Цанев, во склоп на прогамата ќе бидат изведени стихови на Владо Малески, Блаже Конески, Славко Јаневски, Ацо Шопов.

Во рамките на чествувањето на светите Кирил и Методиј, во киното „Тицијано“ на 24 мај ќе биде прикажан документарниот филм „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска, чие претставување е на иницијатива од Македонската амбасада во Рим и Асоцијацијата „Жени дипломати“ при МНР на Италија (АЦДМАЕ).

Државно-црковната делегација ќе присуствува на аудиенцијата кај поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата Светост папата Франциск, а ќе положи и венец на спомен-плочата на македонски јазик. Делегацијата ќе ја посети и базиликата „Сан Клементе“, каде што ќе се одржи молебен во чест на св. Кирил, со кој ќе чиноначалствуваат митрополитите г. Пимен и г.Јосиф

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...