Ватикан не го добил името по божица на подземјето

Всушност ваква божица не постои, а Ватикан го добил името по ридот Агер Ватиканус.

Фото: Diliff on Wikimedia Commons - Creative Commons Attribution-Share Alike 3.0 : https://creativecommons.org/licenses/by-sa/3.0/

Името на Ватикан не потекнува од Ватикана, божица на подземјето, ова е неточна информација, всушност, таква божица со такво име не ни постои. За време на Римската Република, името „Ватикан“ се однесувало на Агер Ватиканус, мал рид и рамнина на западниот брег на реката Тибар. Оваа населба во голема мера била ненаселена благодарение на неговата непосредна близина на етрурскиот град Веи, како и на поплавите на Тибар кои се влевале во градот. По 1 век од нашата ера, почнало да се користи името Vaticanus, што се однесува на областа, вклучувајќи го ридот на Ватикан и денешниот плоштад Свети Петар, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Објава на социјалната мрежа Фејсбук тврди дека името на Ватикан произлегува од името на божица на подземјето. Ова е неточна информација.

Зошто името на Ватикан е според Ватикана, божицата на подземјето…

Со површина од само 100 хектари, Ватикан е најмалата земја во светот. Овој регион се стекнал со независност во 1929 година и оттогаш е управуван како апсолутна монархија, а на чело е папата. Зафаќа приближно една осмина од големината на Централ парк во Њујорк и може да ја истражите оваа земја за само неколку часа.

Името на Ватикан не потекнува од Ватикана божица на подземјето. Ова е неточна информација, Всушност, таква божица со такво име не ни постои.

За време на Римската Република, името „Ватикан“ се однесувало на Агер Ватиканус, мал рид и рамнина на западниот брег на реката Тибар. Оваа населба во голема мера била ненаселена благодарение на неговата непосредна близина на етрурскиот град Веи, како и на поплавите на Тибар кои се влевале во градот. По 1 век од нашата ера почнало да се користи името Vaticanus, што се однесува на областа вклучувајќи го ридот на Ватикан и денешниот плоштад Свети Петар.

Оваа информација ја пишува и на популарен онлајн туристички водич за Рим, Romewise во кој се вели дека од основањето на Рим (околу 800 пр.н.е.) до крајот на Римската Република (околу 44 пр.н.е.), ридот на западниот брег на реката Тибар бил познат како Агер Ватикан.

За време на Римската империја, Римјаните ја нарекувале оваа област како Ватикан. Царот Калигула (третиот император на Рим, 37 – 41 н.е.) таму изградил голем циркус.

Откако поголемиот дел од Рим бил уништен во пожар во 64 година од нашата ера, императорот Нерон го погубил Свети Петар. Други христијански жртви беа спроведени заедно со Свети Петар во подножјето на ридот Ватикан. Тие беа погребани таму во некропола.

Откако го прифатил христијанството во 313 година, царот Константин I започнал со изградба на базилика во 324 година, која била поставена над гробот на Апостолот Петар. Базиликата Свети Петар стана религиозен центар за христијаните, што довело до изградба на станови за свештениците, а потоа и до седиште на папата и на целиот католицизам.

Откако Константин ја изгради својата базилика, а аџиите почнале да доаѓаат во Рим, луѓето почнале да донираат стоки и земји за црквата, што ја направи една од најголемите земјопоседници во Европа.

Некои текстови објавени на неофицијални интернет страници тврдат дека името на Ватикан доаѓа од името на етрурската божица Ватика, но ова е неточна информација. За ваквите тврдења нема никаква официјална информација потврдена од историчари. Всушност, повеќето податоци од релевантни извори на информации велат дека името на божицата на подземјето не било Ватика.

Етрурија била античка област во централна Италија на просторот на денешната Тоскана и делови од Лацио, Емилија Ромања и Умбрија. Луѓето од старата Етрурија се нарекувале Етрурци и нивната цивилизација се засновала на градови-држави кои биле создадени во 8 век п.н.е. и кои станале многу моќни во следните два века. Етрурската религија опфаќа збир на приказни, верувања и религиозни практики на етрурската цивилизација, под силно влијание на митологијата на античка Грција и споделување сличности со истовремената римска митологија и религија.

Богот на подземјето се викал Аита, а не Ватика, како што се тврди во објавата. Всушност, во целата етрурска религија нема ниту еден бог што се вика Ватика, ниту приближно до Ватика или Ватикана, како што се вели во Фејсбук постот.

По сите наведени информации можеме да заклучиме дека не е точна информацијата дека Ватикан го добил името по етрурската божица на подземјето Ватикана. Всушност ваква божица не постои, а Ватикан го добил името по ридот Агер Ватиканус.