понеделник, 20 јули, 2026
Meta.mk

Ознака: брак | 19 резултати

Со видео со хомосексуалци Русите се заплашуваат да гласат за уставните измени по мерка на власта

јуни 11, 2020

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот и во светот. Сервисот на ЕУ за проверка на информациите […]

Истополови парови во Израел ќе можат да посвојуваат деца

август 30, 2017

Израелското Министерство за социјални прашања веќе не се противи двојки од исти пол да посвојуваат деца, јавуваат израелските медиуми. Министерството го информиралo Врховниот суд дека не постои проблем со таквото посвојување, откако беше потпишана петиција против Министерството и Обвинителството што ја поднесе Здружението на родители хомосексуалци. Промената на ставот, наводно, дошла на барање на министерот Хаим […]

Правобранителот констатирал дискриминација во учебникот „Општество“ за 4. одделение

јули 7, 2017

Народниот правобранител позитивно се произнесе во однос на претставката што беше поднесена со помош на Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ (СЗПМЗ), која најпрво беше иницирана од 40-тина мајки кои живеат во еднородителски семејства, вонбрачни заедници и брачни заедници, поддржани дополнително и од страна на останати осум организации, информираше Коалицијата СЗПМЗ. Лицата и организациите […]

ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија не ѝ требаат експерименти со истополови бракови

јули 4, 2017

„Бракот е заедница исклучиво помеѓу еден маж и една жена. Така било, така е и така треба да остане. На Македонија не ѝ требаат експерименти со истополови бракови или посвојување на децата без родители од страна на двојки од ист пол“, изјави денеска пред Собранието Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ. Таа додаде дека без никаква дебата […]

Италија ги легализираше истополовите заедници

февруари 26, 2016

Италијанскиот премиер Матео Ренци ја оцени како „историска“ денешната одлука на Сенатот да ја поддржи легализацијата на заедниците на истополовите двојки. Припадниците на ЛГБТ-заедницата, сепак, изразија длабоко незадоволство затоа што законските измени не подразбираат и право хомосексуалните двојки да посвојуваат деца. Изминатите месеци во повеќе италијански градови беа одржани протести на кои се бараше легализација на […]

Меркел: Бракот е заедница меѓу маж и жена

јули 14, 2015

Германската канцеларка Ангела Меркел повика да се стави крај на дискриминацијата на испополовите партнери, но го повтори својот став дека бракот е институција што ја склучуваат маж и жена. Во интервју за ѕвездата на „Јутуб“, Флоријан Мундт или Ле Флоид, Меркел рече дека за неа лично бракот е кохабитација меѓу маж и жена. – Јас сум […]

Врховниот суд на САД ги легализираше истополовите бракови

јуни 26, 2015

Американскиот Врховен суд пресуди дека истополовите двојки ќе можат легално да стапат во брак во сите 50 сојузни држави на САД, со што бракот стана уставно право на сите што живеат во Америка. Со историска одлука со пет наспроти четири гласа, претседателот Ентони Кенеди со мнозинството одлучи дека бракот е уставно право за сите. Досега, хомосексуалните двојки можеа да […]

Референдум во Ирска за легализација на истополовите бракови

мај 22, 2015

Гласачите во Република Ирска денеска на референдум ќе се изјаснат за легализирање на истополовите бракови. Повеќе од 3,2 милиони граѓани ќе имаат можност да одговорат на прашањето дали сакаат да се измени уставот со што би се овозможило склучување брак меѓу лица од ист пол. Гласачките места ќе бидат затворени во 22 часот, а броењето […]

Седницата за уставните амандмани ќе продолжи в петок

јануари 21, 2015

Седницата на која пратениците ќе расправаат за уставните амандмани ќе продолжи в петок. Откако ја завршија расправата за амандманот 37 од Уставот, со кој се дефинираат максимумите до кои може да се движат буџетскиот дефицит и јавниот долг, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, ја прекина седницата. Пратениците расправаа за амандманот со кој се одредува дефицитот […]

„Амнести интернешнел“: Уставното дефинирање на бракот ја зацврстува дискриминацијата во Македонија

јануари 20, 2015

Уставниот амандман со кој се забрануваат истополовите бракови ќе ја зацврсти дискриминацијата во Македонија, оцени денеска меѓународната организација за човекови права „Амнести интернешнел“. Во соопштението се наведува дека Владата со предложениот уставен амандман, кој го дефинира бракот како заедница меѓу маж и жена и ги „афирмира, промовира и заштитува“ традиционалните вредности, всушност, ги забранува истополовите бракови […]

Пратениците денеска ќе ги носат уставните измени

јануари 20, 2015

Предлог-­амандман за дефинирање на бракот како заедница само меѓу еден маж и една жена, основање меѓународни финансиски зони чие работење и организација ќе се доуредува со закон и уште неколку амандмани за уставни измени ќе се најдат денеска пред пратениците во Собранието. За да се усвојат амандманите, за нив треба да гласаат 82 пратеника. Два од […]

Уставните измени добија зелено светло од Комисијата

јануари 9, 2015

Комисијата за уставни прашања денеска даде зелено светло за уставните измени. Членовите на комисијата гласаа за дефинирање на бракот само како заедница меѓу еден маж и една жена, основање на меѓународни финансиски зони, Народната банка да се преименува во Централна банка на РМ, во фискалната политика дефицитот е проектиран најмногу на 3 проценти, а јавниот долг на […]

Ја киднапирал сопствената ќерка

декември 1, 2014

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Ѓ.И. (27) од Струмица, за кривично дело одземање малолетник. Имено, како што информираше полицијата, на 25 ноември годинава, во 08.30 часот, во градинката „Детска радост“ , пријавениот, со употреба на физичка сила, од поранешната сопруга насилно ја одзел нивната двегодишна ќерка, по што ја ставил во неговото патничко возило „бе-ем-ве“ и […]

Зголемен бројот на склучени бракови и на раѓања

ноември 26, 2014

За еден процент е зголемен бројот на живородени деца во третиот квартал од годинава, во споредба со истиот период лани, објави Државниот завод за статистика. То број сега изнесува 6.377 живородени деца. Во третото тримесечје од годинава имало 4.555 умрени лица, што споредено со истиот квартал од минатата година, претставува намалување за 0,7 проценти, а од […]

Кака се разведува?!

ноември 9, 2014

Фудбалерот Рикардо Кака и неговата сопруга Каролина Селико се пред развод, тврдат бразилските медиуми. Тие се во брак девет години. Како што пишуваат медиумите, Каролина решила да покрене тужба за развод на бракот поради наводно неверство на бразилската фудбалска ѕвезда. Неофицијално се тврди дека девојката со која Кака ја изнверил сопругата е носителката на титулата […]

Страна 1 од 1