fbpx

Промовирана е-платформа за научни студии за рак

Сите истражувања ќе бидат поставени на електронска платформа отворена за сите профили на здравствени работници, како и студенти, магистранти и докторанти на Факултетите за медицина, стоматологија и фармација

-

Министерството за здравтво за првпат воспоставува национална електронска платформа, на која ќе се објавуваат научни епидемиолошки студии за рак на простата, рак на матка, рак на дебело црево, на дојка и црн дроб. Министерот за здравство Фатмир Меџити, кажа дека при креирањето на методологијата за работа се искористени искуствата на земјите членки на ЕУ и САД.

„Во нив е прикажана просечната годишна процентуална промена на секое од петте малигни заболувања за период од 2014 до 2022 година, по пол, возраст и општини“, вели Меџити.

Тој денеска се сретна со деканот на Медицинскиот факултет професор д-р Светозар Антовиќ и професорката Весна Велиќ Стефановска, раководителка на Институтот за епидемиологија, по повод прво воспоставувањето на оваа национална електронска платформа за објавување научни епидемиолошки студии за состојбата со малигни заболувања во земјава.

„Сите истражувања ќе бидат поставени на електронска платформа отворена за сите профили на здравствени работници, како и студенти, магистранти и докторанти на Факултетите за медицина, стоматологија и фармација. Платформата ќе биде отворена и за здруженијата на пациенти со малигни заболувања и сите други заинтересирани лица и институции“, кажа Меџити.

Како што тој додаде, остварувањето на оваа иницијатива е од национален интерес и ќе овозможи поврзување со сите релевантни светски бази на податоци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...