fbpx

Орбан попушти – ќе има помош од 50 милијарди евра за Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го поздрави новото финансирање, велејќи дека тоа ќе ја зајакне економската и финансиската стабилност на земјата

-

Сите 27 лидери на ЕУ се согласија за пакет помош од 50 милијарди евра за Украина на денешниот самит, откако Унгарија претходно го блокираше договорот, соопшти Би-би-си.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го поздрави финансирањето, велејќи дека тоа ќе ја зајакне економската и финансиската стабилност на земјата. Украинското Министерство за економија соопшти дека ја очекува првата транша од парите во март.

Пакетот ќе помогне за исплата на пензиите, платите и другите трошоци во следните четири години. Ова се случува додека американската воена помош за Украина се држи од страна на Конгресот.

Договорот за нов пакет помош за Украина бара едногласна поддршка од сите 27 земји-членки на ЕУ, што значи дека до сега Унгарија можеше да стави вето на договорот.

Веста за договорот беше објавена помалку од два часа по почетокот на самитот, што изненади многу набљудувачи кои очекуваа разговорите да траат многу подолго поради длабочината на несогласувањето меѓу Орбан и другите лидери на ЕУ.

Туск: ЕУ ќе најде решение за поддршка на Украина без разлика на ставовите на Орбан

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...