вторник, 12 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Медицински факултет | 15 резултати

Продолжен е рокот за запишување на семестар на Медицинскиот факултет во Скопје

февруари 16, 2024

По објавата на Мета.мк и заложбите на Универзитетското студентско собрание при УКИМ, Mедицинскиот факултет во Скопје го продолжи рокот за заверка на семестар без студентите да треба да плаќаат казна. Рокот за пријави на студентите требаше да истече денес, среде испитна сесија, а речиси 3.000 студенти имаа исти термини за носење документи, по што пред […]

Студентите на Медицински факултет со часови чекаат ред за упис на семестар [галерија]

февруари 15, 2024

Редица студенти долга стотина метри речиси цел ден го „красеше“ Медицинскиот факултет при УКИМ во Скопје, каде студентите со часови чекаа за да стигнат до службата за студентски прашања и да го упишат новиот семестар. Рокот за упис на летниот семестар за студентите од сите години и од цел факултет истекува утре. Вакви гужви се […]

Промовирана е-платформа за научни студии за рак

февруари 1, 2024

Министерството за здравтво за првпат воспоставува национална електронска платформа, на која ќе се објавуваат научни епидемиолошки студии за рак на простата, рак на матка, рак на дебело црево, на дојка и црн дроб. Министерот за здравство Фатмир Меџити, кажа дека при креирањето на методологијата за работа се искористени искуствата на земјите членки на ЕУ и […]

Годинава стручен испит положиле 440 лекари

декември 27, 2023

Во десет испитни сесии кои биле организирани во текот на годинава стручен испит положија вкупно 440 доктори на медицина кои ги исполнуваат условите за добивање лиценца за работа, соопшти Лекарската комора. Најголем интерес за полагање стручен испит и оваа година имало во декемвриската испитна сесија, кога положиле 232 доктори на медицина. Инаку, докторите на медицина […]

Меџити: Отворени нови специјализации, вложуваме во младите лекари

август 24, 2023

Новите огласи, односно новиот конкурс за специјализации, бил темата на денешната средба на министерот за здравство Фатмир Меџити, со деканите на медицинските факултети: во Скопје, проф. д-р Соња Топузовска; во Штип, проф. д-р Милка Здравковска; и претставник од Деканатот на Медицинскиот факултет во Тетово, проф. д-р Невзат Елези. Рокот за конкурирање за специјализации на овие […]

Мимоза Серафимовска: Не ги етикетирајте како болни младите на кои им е потребен психолог

јули 13, 2022

Да се намали стигмата што постои околу темата за менталното здравје на младите и да се отворат младински центри во кои на младите би им помагале психолози. Ова би ја подобрило нивната благосостојба, како и развојот на нивниот личен, социјален и професионален живот, смета Мимоза Серафимовска, студентка на Медицинскиот факултет и истовремено претставник на студентите […]

Почина невропсихијатарот и светски признат епилептолог проф. д-р. Методи Чепреганов

јули 9, 2022

По кратко боледување, денеска на 86-годишна возраст почина проф. д-р Методи Чепреганов, специјалист по невропсихијатрија и епилептологија, извести болницата „Неуромедика“, болницата каде што светски признатиот епилептолог работеше во последните децении. „Со огромна жалост би сакале да Ве известиме дека денес по кратко боледување почина нашиот ценет и почитуван Проф.Др.Методи Чепреганов. Директорот,менаџерскиот тим и сите вработени […]

Младите најмногу сакаат да студираат за информатичари и лекари, најмалку за уметници [инфографик]

јули 7, 2021

Бројот на лицата кои се запишуваат на факултетите и на високите стручни школи во државата се намалува, а младите најмногу сакаат да учат за електроничари, информатичари и математичари, најмалку за уметници. Тоа го покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Притоа, факултетите за информатика, медицински и економски науки привлекуваат најголем број на студенти на […]

Прослава за положен испит по анатомија ќе им донесе казни од по 2.000 евра на 28 студенти

јуни 16, 2021

Прославата за положениот испит по анатомија, дваесет и осуммина студенти од Медицинскиот факултет може да ги чини по 2.000 евра. Полицијата ги затекнала студентите во стан во Скопје во раните утрински часови додека тие славеле за поминувањето на еден од најтешките испити на нивните студии. Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за издавање казнен налог […]

Младите лекари и студенти предупредуваат: Нѐ демотивираат непотизмот и ниските плати

ноември 12, 2018

Лекарите бегаат од земјава не само поради ниските плати, туку и поради демотивирачките услови со кои се соочуваме уште во текот на студиите, велат студентите на Медицинскиот факултет, кои од денеска се дел од Неделата на студенти по медицина, што ја организира Клубот на млади лекари. – Проблемот е во тоа што не секогаш најдобриот […]

Медицинските струки се виза за работа во странство за младите од Источниот регион

септември 4, 2018

На последниот ден од уписите на универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, се повтори сликата од уписите во средните училишта. Пополнети се речиси сите места на факултетите со медицинските струки. Според последните бројки до 15 часот се пријавиле 389 завршени ученици. – Се очекува и во вториот уписен рок да има голем интерес за Факултетот за […]

Страна 1 од 1