вторник, 19 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Фатмир Меџити | 66 резултати

Инсталиран новиот акцелератор на Клиниката за онкологија

декември 26, 2023

Линеарен аксцелератор за потребите на онколошките пациенти деновиве беше инсталиран на Клиниката за онкологија. Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска кажа дека со ова е исполнето уште едно ветување, иако акцелераторот е набавен уште пред седум години. „Производителот и одговорните физичари во установата, потпишаа сертификат – документ со кој се потврдува дека медицинскиот апарат […]

Стаса лекот „Трикафта“ за 12 пациенти, стручна комисија одлучува кој ќе го прими

декември 21, 2023

Новите количини на лекот „Трикафта“ се веќе на Универзитетската клиника за детски болести. Лекот, како што беше најавено пред шест дена, ќе го добијат 12 пациенти. Кои ќе бидат тие, ќе одлучува стручна комисија од клиниката која претходно ќе направи медицински прегледи на пациентите. Денеска министерот за здравство Фатмир Меџити кажа дека за оваа намена, […]

Осовременети хируршките сали во тетовската болница

декември 18, 2023

Во Клиничката болница во Тетово во тек е реновирање на интернистичките амбуланти, набавена е нова медицинска опрема, а осовременети се и хируршките сали во Ургентниот центар. Претседателот Стево Пендаровски денеска престојуваше во болницата во Тетово, во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“. Тој и министерот за здравство Фатмир Меџити, заменик – министерката за здравство […]

Од денеска најитните случаи со хеликоптер ќе се танспортираат од една болница во друга

декември 17, 2023

Со хеликоптер во кој има нова опрема за итна медицинска помош, од денеска ќе се превезуваат најитните случаи од една локација на друга низ земјава. Денеска беше изведен првиот пробен лет, од Градската општина болница „8 Септември“ – Скопје до Клиничката болница Битола, како една од пооддалечените точки. Ова е соработка меѓу Министерството за здравство […]

Mеџити: Идната недела лекот „Трикафта“ ќе го добијат 12 пациенти

декември 15, 2023

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска информираше дека следната недела лекот „Трикафта“ ќе биде доделен на 12 пациенти кои боледуваат од цистична фиброза. „До април месец за овие 12 пациенти ќе има терапија. Другите пациенти ќе ги вклучиме во согласност со сите критериуми што се дадени од експертите на Детска клиника. Ова што го […]

Eкономските и медицинските директори ќе се укинат после изборите, најави Меџити

декември 11, 2023

Новиот Клинички центар, кој треба да биде готов до јуни в година, ќе биде реорганизиран, односно секоја клиника нема да има посебен менаџмент, најави денеска министерот за здравство, Фатмир Меџити. Тој информира дека е започнат е процесот за укинување на организациските и медицинските директори, кој ќе заврши после изборите, односно во јуни. „Прв мој приоритет […]

МАНУ доби нова опрема за генетско испитување, резултатите готови за еден ден

декември 11, 2023

Денеска во МАНУ беше презентирана нова апаратура за генетско испитување, а беа промовирани и резултатите добиени од проектот „Унапредување на капацитетот на Националниот центар за геномика протеомика при ИЦГИБ – МАНУ во областа на персонализираната медицина“. На настанот присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот за здравство Фатмир Меџити и министерот за образование и наука […]

Обединетото Кралство ќе ја финансира изградбата на нов Клинички центар, најави Меџити

декември 1, 2023

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити во рамки на работната посета на Обединетото Кралство се сретнал со министерот за извоз, оддел за бизнис и трговија Лорд Малколм Офорд од Гарвел, на која била искажана подготвеност да го поддржат финансиски проектот за изградба на новиот Универзитетски Клинички центар. „На средбата, министерот Меџити ја поздрави континуираната поддршка […]

Деновиве ќе стасаат уште 9.000 глукомери и ленти за дијабетичари, најави Меџити

ноември 14, 2023

Деновиве ќе стасаат уште 9.000 глукомери и ленти за лицата со дијабетес што треба да се распределат во сите аптеки. Во моментов, од вчера има 10.000. Системско решение со кое треба да се надмине проблемот со терапиите, би имало за околу две години, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, по повод Светскиот ден на […]

Меџити бара Обвинителството да излезе со имиња на обвинети за скандалот на Онкологија

ноември 10, 2023

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска апелираше до Обвинителството да излезе со име и презиме на обвинети за случајот со Клиниката на онкологија. Тој посочи дека очекува резултати од работењето на Обвинителството, додавајќи дека го гуши краватата што ја носи и најубаво се чувствува меѓу колегите, во бел мантил. „Уште еднаш апелирам крајно време е […]

Меџити: Идната недела ќе го раскинеме договорот за изградба на болницата во Кичево, ќе има нов тендер

ноември 2, 2023

Се очекува идната недела Министерството за здравство да го раскине актуелниот договор за изградба на кичевската болница и да објави јавен оглас за нов тендер за доизградба на овој објект, кој е почнат да се гради уште во 90-тите години, пренесува Порталб.мк. „Новата“ болница во Кичево е објект кој се гради од 1989/1990 година, но […]

Меџити се вакцинираше против грип, апел до граѓаните да го сторат истото

октомври 30, 2023

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити утрово прими вакцина против сезонски грип на вакциналниот пункт за здравствени работници, кој е отворен во Институтот за јавно здравје. Вакцинацијата против сезонски грип се спроведува на територија на цела држава во центрите за јавно здравје и дел од здравствените домови во Скопје. Секој граѓанин може да се пријави […]

Ханс Клуге: С. Македонија успешно го унапреди примарното здравство

октомври 25, 2023

С. Македонија вложи многу труд да го подобри третманот на незаразните болести и овозможи матичните лекари да ја препишуваат хроничната терапија. Вашата држава е успешен пример кога станува збор за унапредувањето на примарната здравствена заштита. Ова денеска го изјави д-р Ханс Клуге, директорот на СЗО за Европа, на сесијата на Регионалниот комитет на СЗО за […]

Млада докторка од Клиниката за хематологија донирала матични клетки за пациент

октомври 17, 2023

На Клиниката за хематологија, млада докторка донирала матични клетки на пациент кој се соочува со тешка малигна хематолошка болест. Трансплантацијата на матичните клетки била единствената терапевтска опција. „На Клиниката за хематологија се реализираше значаен чин на храбост и човекољубие, кога млад лекар донираше хематопоетски матични клетки со кој спасува живот на пациент кој се соочува […]

Министерот за здравство се сретна со болните од цистична фиброза кои го чекаат лекот „трикафта“

октомври 16, 2023

Денеска министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити се сретнал со претставници од Здружението за цистична фиброза, откако тие се собраа пред зградата на Министерството бидејќи, како што велат, сè уште чекаат да го добијат лекот „трикафта“ кој им е неопходен. Од Министерството за здравство информираат дека минатата недела, Фондот за здравствено осигурување обезбедил дополнителни средства […]

Реновирани одделите за гинекологија и неонатологија во тетовската болница

октомври 10, 2023

По 20 години конечно се реновирани и опремени двата оддела за гинекологија и неонатологија во Клиничката болница во Тетово, соопшти Министерството за здравство. „Ова се значајни инвестиции со кои на пациентите им овозможуваме услови кои наликуваат на големите медицински центри низ Европа”, вели министерот за здравство Фатмир Меџити, кој вчера ја посети болницата. Тој рече […]

Oтворен новиот објект на Психијатриска болница Скопје

октомври 2, 2023

Психијатриската болница доби нов објект кој се градеше повеќе од една деценија, соопшти денеска министерот за здравство, Фатмир Меџити, на отворањето на новиот објект. „Нешто кое со години се чекаше да се заврши, конечно од денес почнува со работа. Новата болница е современо опремена, според меѓународни стандарди и јас сум уверен дека новите услови за […]

Меџити: Протестите за случајот Онкологија да не се користат за дневнo-политички цели

септември 18, 2023

Министерот за здравство Фатмир Меџити на денешниот брифинг со новинарите рече дека протестите за случајот со Клиниката за онкологија се злоупотребуваат и апелираше тие да не се користат за дневнo политички цели и за собирање партиски поени, бидејќи можат да го загрозат здравјето на пациентите. „Луѓето да протестираат е загарантирано право со Уставот на Северна […]

Првите наоди од обвинителството за Клиниката за онкологија укажуваат на дела против здравјето на луѓето

септември 14, 2023

Тим од јавни обвинители и истражители од Основното јавно обвинителство Скопје преземаат дејствија за испитување на наводите кои првично упатуваат на основи за сомнение за сторени кривични дела против здравјето на луѓето и проневера во службата на Клиниката за радиотерапија и онкологија, соопштуваат од Јавното обвинителство, во однос на објавените информации дека со години на […]

За скандалот на Онкологија од ВМРО-ДПМНЕ бараат разрешница, премиерот вели дека ќе ја има

септември 8, 2023

Новинарката на „Фокус“ Ирена Мулачка во интервју за новинската агенција „Макфакс“ зборуваше за патот на злоупотребата на лекови на скопската Клиника за онкологија, потенцирајќи дека биолошката терапија што требало да ја примаат пациентите болни од рак се препродавала најверојатно во Косово, а во разработената шема учествувале одделни лекари, поранешни директори, медицински и одделенски сестри, благајни, […]

Страна 2 од 4