Деновиве ќе стасаат уште 9.000 глукомери и ленти за дијабетичари, најави Меџити

Системско решение со кое треба да се надмине проблемот со терапиите би имало за околу две години, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити

-

Деновиве ќе стасаат уште 9.000 глукомери и ленти за лицата со дијабетес што треба да се распределат во сите аптеки. Во моментов, од вчера има 10.000. Системско решение со кое треба да се надмине проблемот со терапиите, би имало за околу две години, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, по повод Светскиот ден на дијабетесот.

„Имавме година во која се соочивме со повеќе предизвици, но сепак морам да истакнам дека Министерството за здравство и Националната комисија за дијабет, во соработка и со здруженијата макотрпно работеа на успешно решавање на истите. Заедно придонесовме за подобрување како на општото здравје, така и на квалитетот на живот на пациентите со дијабет“, истакна Меџити.

Диме Велев, претседател на Сојузот на здруженија на дијабетичари изјави дека со години бараат да се воведе системско решение, со кое пациентите ќе можат да си доплатат за терапија со подобар квалитет.

„Водиме институционален дијалог и не сакаме радикални мерки. Улицата не ја исклучуваме, но доколку немаме дијалог со властите и доколку нема промени“, рече тој.

Од неделава, пациентите со дијабетес имаат достапност на современа инсулинска терапија, а како и 650 сензори за безболно мерење гликемија наменети за деца и млади до 18 години со дијабет тип 1, бремени жени со дијабет тип 1 и слепи лица со чија помош се овозможува континуирано мониторирање на гликемија.

„Со зголемување на дијагностичките и терапевтските можности на матичните лекари овозможивме пациентите со дијабетес да можат да ја добиваат статинската терапија токму кај нив, а знаејќи ја важноста на добрата регулација на масти во крвта кај оваа група на пациенти значително го намалуваме непотребниот морбидитет и трошоци на пациентите. Со ова го подобривме квалитетот и континуитетот на грижата на сите пациенти со дијабетес“, потенцираше Меџити.

Во земјава се регистрирани 140.000 случаи на дијабетес, а воведена е и скрининг програма за лица кои немаат фактори на ризик, со која што се овозможува рана детекција на ризик факторите и со тоа да се превенира или одложува манифестацијата на болеста.

Meта.мк денеска објави текст за дијабетес, во која членовите на здруженијата зборуваа за проблемите со кои се соочуваат.

„Ние не зборуваме за политика, ние не зборуваме за тоа, дали денес ќе почне изградбата на некој пат. Кај нас, ако 5 минути е висок шеќерот, ние сме во ризик да добиеме мозочен удар. Нашите граѓани се дискриминирани. И покрај сиромаштијата, ги тераме да купуваат скапи лекови“, рече Диме Велев, претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари.

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...