fbpx

Желјасков: Верувам ќе надвладее разумот и ќе се радуваме на вашите преговори со ЕУ

Благодарност до пратениците за јасно изразениот став поврзан со влегувањето на С.Македонија во ЕУ и консолидирањето на јасно мнозинство за промените на Уставот. Јасно е дека има мнозинство, но недоволно во моментов, рече претседателот на Народното собрание на Република Бугарија

-

Веруваме дека разумот и политичката волја ќе надвладеат и уште оваа година ќе можеме да се радуваме на почетокот на преговорите со ЕУ. За нас е исклучително важно Република Северна Македонија и Албанија заеднички да се движат по тој пат, рече претседателот на Народното собрание на Република Бугарија, Росен Желјасков во изјава за медиумите по денешната средба со претседателот на Собранието Талат Џафери.

Тој потсети дека минатата година бугарскиот парламент усвоил категорична декларација со која го прифати францускиот предлог.

„Некои тоа го нарекоа историски компромис, но знам дека нашите две држави го направија неопходниот компромис кој е во името на нашите народи. Во таа смисла бугарскиот став не е поразличен од ставот кој е споделен од мнозинството во македонскиот парламент. Благодарност до пратениците за јасно изразениот став поврзан со влегувањето на С. Македонија во ЕУ и консолидирањето на јасно мнозинство за промените на Уставот. Јасно е дека има мнозинство, но недоволно во моментов“, рече Желјасков.

Тој ги поздрави и им се заблагодари на македонските пратеници за јасно изразената позиција поврзана со членство на Република Северна Македонија во ЕУ и консолидирањето на јасно мнозинство за уставните промени.

Желјасков информираше дека со Џафери разговарале и за имплементацијата на Договорот за добрососедство потпишан во 2017 година и изрази надеж дека на следната средба ќе бидат одбележани уставните измени и почетокот на преговорите за членство на Република Северна Македонија во ЕУ.

Спикерот на Собранието, Талат Џафери, денеска само кусо ги спомена уставните измени, процес кој од август е во статус-кво.

„Го информирав Желјасков дека е во тек завршувањето на скринингот на нашето законодавство, а во процес сме и на промена на Уставот за што е потребно обезбедување двотретинско мнозинство. Во однос на билатералните односи се согласивме дека е потребно промовирање на позитивна реторика која може да придонесе за градење на меѓусебна доверба“, рече Џафери.

Денешната средба беше трета по ред на претседателите на двете собранија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...