fbpx

Eкономските и медицинските директори ќе се укинат после изборите, најави Меџити

„Нов Клинички центар ќе биде реалност до почеток на јуни. Течат сите процедури, има 33 управни одбори, 33 медицински, 33 организациони директори“, рече Меџити

-

Новиот Клинички центар, кој треба да биде готов до јуни в година, ќе биде реорганизиран, односно секоја клиника нема да има посебен менаџмент, најави денеска министерот за здравство, Фатмир Меџити. Тој информира дека е започнат е процесот за укинување на организациските и медицинските директори, кој ќе заврши после изборите, односно во јуни.

„Прв мој приоритет ми беше спојување на Клиничкот центар. Тој ќе стане реалност. Навистина безрезервна поддршка имав од премиерот за овој проект, главни борци бевме да го тераме ова до крај. Нов Клинички центар ќе биде реалност до почеток на јуни. Течат сите процедури, има 33 управни одбори, 33 медицински, 33 организациони директори“, рече Меџити.

Нов Клинички центар продолжува да биде ветување кое досега не е исполнето. Во 2018 година, екс премиерот Зоран Заев кажа дека таа година, новиот клинички центар ќе биде приоритет. За оваа инвестиција беше обезбеден и кредит од Европска централна банка, но до овој момент, нов Клинички центар не е изграден. На 1 овој месец, Меџити беше во Обединетото Кралство и се сретна со министерот за извоз, оддел за бизнис и трговија Лорд Малколм Офорд од Гарвел, на која била искажана подготвеност да го поддржат финансиски проектот за изградба на новиот Универзитетски Клинички центар.

Инаку министерот денеска беше во посета на МАНУ, на презентација на нова апаратура за генетско испитување во рамки на проектот „Унапредување на капацитетот на Националниот центар за геномика протеомика при ИЦГИБ – МАНУ во областа на персонализираната медицина“.

„Денеска отвораме една нова страница од научната, образовна, здравствена сфера. Новата апаратура за генетско испитување во нашата најголема научна иституција е само показател дека како Влада сме посветени на сериозно вложување и напредок во областа на научно-истражувачки проекти, а воедно и во здравствен систем, кој се стремиме да го направиме модерен, квалитетен и достапен за сите наши граѓани. Оваа институција заедно со нејзините еминентни експерти, со помош на оваа нова опрема, значително ќе ја зајакне работата на МАНУ. Сега резултатите од направените истражувања ќе бидат готови за еден ден со што значително се подигнува квалитетот на работата на Академијата“, рече тој.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...