fbpx

Обединетото Кралство ќе ја финансира изградбата на нов Клинички центар, најави Меџити

За оваа инвестиција беше обезбеден и кредит од Европска централна банка, но до овој момент, нов Клинички центар не е изграден

-

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити во рамки на работната посета на Обединетото Кралство се сретнал со министерот за извоз, оддел за бизнис и трговија Лорд Малколм Офорд од Гарвел, на која била искажана подготвеност да го поддржат финансиски проектот за изградба на новиот Универзитетски Клинички центар.

„На средбата, министерот Меџити ја поздрави континуираната поддршка што Република Северна Македонија ја добива од Обединетото Кралство, која е втор најголем економски партнер на нашата земја“, наведено е во соопштението од Министерството за здравство.

Тие разговарале за имплементација и промоција на извозната стратегија во здравствениот сектор и испорака на надворешни директни инвестиции како дел од надлежностите на министерот за извоз при Обединетото Кралство.

„Министерот за извоз, Лорд Офорд од Гарвел изрази поддршка и подготвеност за воспоставување на соработка во сите области кои се во интерес на граѓаните на двете земји“, пишува во соопштението.

Нов Клинички центар продолжува да биде ветување кое досега не е исполнето. Во 2018 година, екс премиерот Зоран Заев кажа дека таа година, новиот клинички центар ќе биде приоритет. За оваа инвестиција беше обезбеден и кредит од Европска централна банка, но до овој момент, нов Клинички центар не е изграден.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...