fbpx

Примирјето меѓу Израел и Хамас заврши, израелските сили продолжија со напади врз Газа

Според Министерството за здравство на Газа, убиени се 32 лица за само три часа

-

Утрово заврши седумдневното примирје меѓу Хамас и Израел. Двете страни не стигнаа до договор за продолжување на истото, а Израел тврди дека Хамас во последните часови од примирјето го прекршиле примирјето со тоа што лансирале ракети кон Израел, известува Би-би-си.

Во 7 часот локално време, кога беше предвиден крајот на примирјето, израелските одбранбени сили најавија дека продолжуваат со напади во Газа, со цел отстранување на Хамас.

Би-би-си потврди дека веднаш по прекин на примирјето почнало бомбардирањето на Газа.

Според Mинистерството за здравство во Газа, веќе убиени се 32 лица за само три часа.

Нападот на Израел доаѓа само еден ден откако американскиот државен секретар Ентони Блинкен со цврсти зборови го предупреди Израел дека мора да се запазат меѓународните закони при нивните следни напади. Односно, Блникен го ургираше Израел повнимателно да се грижат за намалувањето на број на загинати цивили, како и да се избегне бомбардирањето на клучна инфраструктура како болници, електрани и клучни точки на водоводот во Газа.

Израел објави и мапа на Газа поделена на стотици зони кои се обележани како безбедни или не. Но, според Џереми Боуен од Би-би-си, овој конфликт и други историски конфликти имаат покажано дека наводните „безбедни“ зони често воопшто не се покажуваат како такви, споредувајќи ја ситуацијата со војната во Босна и Херцеговина.

За време на примирјето, беа ослободени 110 од 240 заложници кои беа заробени од Хамас за време на нивниот напад врз Израел – сите ослободени лица беа жени и деца. Израел ослободи 240 палестински затвореници од своите затвори, повеќето од кои исто така беа жени и деца.

Истовремено, двете страни продолжуваат да работат на нов договор зад кулисите, известува Би-би-си. Како и при договорот за штотуку завршеното примирје, Катар и Египет се повторно посредници.

Но, се смета дека овој договор ќе биде поразличен од претходниот. Останатите заложници се речиси сите мажи и израелски воени лица, кои Хамас не се подготвени толку лесно да ги ослободат како жените и децата кои досега беа ослободени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...