fbpx

Oтворен новиот објект на Психијатриска болница Скопје

Во новиот објект има 68 болнички кревети. Таму се наоѓа одделот за лекување и рехабилитација за пациентите поради зависност од алкохолизам

-

Психијатриската болница доби нов објект кој се градеше повеќе од една деценија, соопшти денеска министерот за здравство, Фатмир Меџити, на отворањето на новиот објект.

„Нешто кое со години се чекаше да се заврши, конечно од денес почнува со работа. Новата болница е современо опремена, според меѓународни стандарди и јас сум уверен дека новите услови за работа ќе придонесат за поголем ентузијазам и поголема енергија на медицинскиот и немедицински персонал во секојдневното работење“, посочи Меџити.

Во новиот објект има 68 болнички кревети. Таму се наоѓа одделот за лекување и рехабилитација за пациентите поради зависност од алкохолизам. Во него ќе се згрижуваат пациенти на кои им е потребно продолжено лекување, рехабилитација и ресоцијализација на пациенти, со нарушено ментално здравје.

„Еден дел од објектот е интерно одделение, наменето за третман на пациенти со ментални нарушувања и проблеми во соматското здравје. По 13 години, во новиот блок од Психијатриската болница ќе се примаат пациенти. Освен болничките соби објектот е опремен со сите потребни санитетски и други придружни простории за соодветно сместување и болничко секојдневие на пациентите“, посочи Меџити.

Тој повтори дека секојдневно со својот тим се залага за остварувања на подобар јавен здравствен систем, односно откочување на децениски заглавени проекти, набавка на современа терапија, опремување и реновирање на здравствени установи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Србин измамен во центарот на Скопје, одземени му биле 300 евра

С.А.(63) од Србија вчера во полициска станица пријавил дека бил измамен од две лица од кои бил пресретнат околу 10.30 часот на подрачјето на Центар, информира МВР. Според пријавеното, едното...