fbpx

Реновирани одделите за гинекологија и неонатологија во тетовската болница

Ова се значајни инвестиции со кои на пациентите им овозможуваме услови кои наликуваат на големите медицински центри низ Европа, вели министерот за здравство Фатмир Меџити

-

По 20 години конечно се реновирани и опремени двата оддела за гинекологија и неонатологија во Клиничката болница во Тетово, соопшти Министерството за здравство.

„Ова се значајни инвестиции со кои на пациентите им овозможуваме услови кои наликуваат на големите медицински центри низ Европа”, вели министерот за здравство Фатмир Меџити, кој вчера ја посети болницата.

Тој рече дека по 20 години Клиничката болница во Тетово ќе ги прима пациентите во реновирани простории, опремени со сите потребни санитетски и други придружни простории за соодветно сместување и болнички престој на пациентите.

Меџити истакнува дека главни цели на Министерството се грижата за пациентите, унапредување на условите во јавните здравствени установи, обнова на болничката инфраструктура, како и обезбедување најсовремена опрема.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...