fbpx

Болницата во Тетово не доби Универзитетски клинички центар, ниту нов објект, како што вети ДУИ

На прашањата зошто не ги исполниле ветувањата од својата програма, ДУИ молчи, пишува Порталб.мк

-

Предизборните ветувања во 2020 година на Демократската унија за интеграција (БДИ) за Болницата во Тетово не се реализираа како што беше ветено. На прашањато на Порталб.мк зошто не ги исполниле ветувањата од својата програма, ДУИ молчи, пишува Порталб.мк.

Во изборната програма 2020-2024 за последните парламентарни избори, со која се претстави ДУИ, за Болницата во Тетово на страна 144, 145 и 178 меѓу другото има големи ветувања за универзитетски клинички центри, за терцијарни услуги и за изградбата на објектот каде ќе се смести одделението за физикална терапија, инфектологија, онкологија, дерматовенерологија и др.

После четири години овие ветувања остана само напишани зборови, неисполнети.

Од Болницата во Тетово за Порталб.мк потврдија: „Не, Болницата во Тетово нема Универзитетски клинички центар. Болницата во Тетово не обезбедува услуги од терцијарно здравство”.

Мистерството за здравство во една изјава за Порталб.мк потенцираше дека Клиничката болница во Тетово има статус на клиничка болница, односно дека во неа се врши здравствена дејност од секундарно ниво на здравствена заштита.

„Согласно законските прописи, секоја институција која ги исполнува условите со простор, опрема и кадар за реализирање на здравствена заштита на повисоко ниво, мора да започне соодветна постапка за стекнување статус на установа од терцијарно ниво“, изјавија од Министерството за здравство.

Од ДУИ не одговорија на новинарските прашања на Порталб.мк околу тоа зошто не ги реализирале овие ветувања од нивната изборна програма.

Потсетуваме дека ДУИ владееше со раководни позиции во здравството.

По парламентарните избори на 15 јули 2020 година, ДУИ ја имаше функцијата заменик министер за здравство, функција на која беше Илир Хасани, кој поднесе оставка два дена по трагедијата која се случи на 8 септември 2021 година, кога во пожарот во модуларната болница во Тетово животот го загубија 14 лица.

По последните парламентарни избори, медицинскиот директор на тетовската болница беше од редовите ДУИ, Флорин Бесими, исто така брат на актуелниот министер за финансии Фатмир Бесими. Тој од оваа функција поднесе оставка  два дена по трагедијата во модуларната болница во Тетово. Бесими и порано беше во функција на директор.

По промените во раководството на Болницата во Тетово како резултат на промената на владиниот состав, ДУИ предводеше со организациониот директор на болницата, поточно на оваа функција дојде Арменд Фазлиу. Но, тој беше разрешен од оваа функција од министерот за здравство бидејќи не беше на своето работно место на денот кога се случи скандалот на „ТикТок“ на одделението за гинекологија. На оваа функција беше именуван друг член на ДУИ, Блерим Османи, кој е сè уште на оваа позиција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...