fbpx

„Достоинствен живот или преживување“ – панел дискусија по повод Меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата

На панелот ќе биде презентирана студијата на Асоцијација за инклузивен развој и одржлив развој- СИГА со наслов „Влијанието на инфлацијата врз сиромаштијата во Република Северна Македонија“ изработена од Бранимир Јовановиќ

-

Утре во просториите на младинскиот центар „Матично“ од 11 до 14 часот ќе се одржи панел дискусија со наслов „Достоинствен живот или преживување?“ по повод 17 Октомври, Меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата.

На дискусијата ќе биде презентиран извештајот „Poverty watch“ за тековните трендови и политики за сиромаштија, како и студијата на Асоцијација за инклузивен развој и одржлив развој- СИГА со наслов „Влијанието на инфлацијата врз сиромаштијата во Република Северна Македонија“ изработена од Бранимир Јовановиќ, економски истражувач.

Свое обраќање ќе имаат и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, потоа потпретседателот на Советот на ССМ за приватен сектор, Иван Пешевски и претседателот на собранието на Организација на работодавачи на Македонија Ангел Димитров.

Панел дискусијата во организација на Македонската платформа против сиромаштијата (МППС), поддржан е од Европската платформа против сиромаштија (ЕАПН) и од Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларијата во Скопје, а се реализира во соработка со СИГА.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...