fbpx

Германскиот социјалдемократ Клингбеил: Интересот на Германија и ЕУ е да ја прошират Европа

Според Клингбеил, интересот на Германија и на целата Европска Унија е да ја прошират Европа, а шесте земји од Западен Балкан се многу важни за интеграцијата да биде комплетна

-

Процесот на проширување е еден од одговорите на прашањето како Европа може да стане поголем геополитички актер, изјави вчера Ларс Клингбеил, претседателот на владејачката Социјалдемократската партија на Германија кој дојде во официјална посета на Северна Македонија.

Клингбеил е прв претседател на оваа германска партија кој дошол во официјална посета на земјава, а изјавата ја даде на панел дискусијата „Прогресивни политики – одговор на предизвиците на земјите од Западен Балкан“ што ја организираше Фондацијата Фридрих Еберт.

Тој рече дека интересот на Германија и на целата Европска Унија е да ја прошират Европа, а шесте земји од Западен Балкан „се многу важни за интеграцијата да биде комплетна“.

На настанот учествуваа и претседатели и претставници од повеќе социјалдемократски партии и движења од земјите од Западен Балкан.

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Димитар Ковачевски, посочи дека ЕУ е единствената алтернатива за земјите од Западен Балкан, вклучително и за Северна Македонија.

Потпретседателката на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) Радмила Шекеринска кажа дека партијата секогаш била за проширување на ЕУ, а женскиот глас и учество треба да бидат водечки во процесот.

Генералниот секретар на Социјалистичката партија на Албанија, Бленди Коси, рече дека сите левичарски партии од регионот се европски партии со добри идеи. Истакна дека ги поддржуваат иницијативите како Отворен Балкан што креираат поголема слобода на движење и поблиска економска соработка.

Учество на настанот зедоа и потпретседателката на Демократската партија на Србија Драгана Ракиќ, лидерот на Партијата за слобода и правда (СПП) Драган Ѓилас, претседателот на Социјалдемократската партија на Црна Гора Иван Вујовиќ, потпретседателот на Демократска партија на социјалистите на Црна Гора Иван Вуковиќ, меѓународниот секретар на политичката партија Движење Самоопределување Хајрула Чеку и потпретседателката на Социјалдемократската партија на Босна и Херцеговина Лана Прлиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петнаесет работници лани загинале на работните места

Утре, в недела, на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, во паркот на улицата Пандил Шишков во општина Аеродром ќе бидат засадени 15 дрвца, колку што изнесува...