fbpx

Вистиномер: Видео од протест со мотори во Бразил, претставено како настан во Германија

-

Видеото споделено во постот е манипулативно, фабрикувно, односно станува збор за содржина која е изменета (altered content). Во дел од видеото е претставен настан кој нема никаква врска со дете болно од канцер во Германија, туку се случил лани во Бразил поради карантинот воведен во екот на пандемијата со ковид-19, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој е раскажано дека дете со канцер во северна Германија сакало да види како возачи на Харли мотори поминуваат пред неговата куќа, по што неговите родители ги објавиле желбите на момчето и на назначениот ден покрај неговата куќа поминале 20 илјади возачи на Харли. Во склоп на постот споделено е и видео коешто треба да е репрезент за овој настан. Овој видеоматеријал е составен од два дела, од кои едниот нема никаква врска со Германија ниту со дете болно од канцер и возачи на Харли.
Во видеоснимката која трае една минута и 56 секунди, се гледаат кадри од бројни возачи на мотори на автопат, а потоа и кадри од момче во инвалидска количка на кое му приоѓаат возачи на мотори.
Германските медиуми во јули 2021 година известија дека 15 илјади возачи на мотори се собрале во северозападниот дел од државата за да израдуваат дете кое боледува од канцер.
Според медиумските извештаи, момчето било вљубено во моторите и неговото семејство организирало кампања на социјалните мрежи во која ги повикала возачите на моторите да ги посетат. Првиот дел од видеото во постот што го рецензираме, прикажува колона на мотори која се спушта по автопат. Токму оваа колона нема врска со настанот во Германија и детето болно од канцер.
Порталот за проверка на факти Фактли во Индија, во анализа од 22 февруари 2022 година наведува дека првиот дел од видеоснимката, со автопатот на кој има бројни возачи на мотори, всушност е од Бразил.
Овој материјал, односно видеоснимката со возачи на мотори на автопат е објавена на 14 јуни 2021 година на „Јутјуб“.
Овој „Јутјуб“ канал објавува дека станува збор за визуелен приказ на моторциклистичка парада која ја предводел бразилскиот претседател Хаир Болсонаро во Сан Паоло во Бразил. Според медиумските извештаи, Болсонаро и неговите поддржувачи ја органиизрале оваа парада во јуни 2021 година во знак на протест против гувернерот на државата и градоначалник во Бразил, кои наметнале карантини поради ковид пандемијата во земјата.
Другиот дел од видеоснимката во постот што го рецензираме, навистина го прикажува момчето кое е болно од канцер во Германија и поради кое е организирано возење со мотори.
„Лид Сторис“ од САД,  пишува дека не станува збор за настан во Германија. На тоа укажува деталот со натписот на билбордот кој накратко може да се види во снимката, кој е напишан на португалски јазик.
На 21 секунда од видеото зборот испишан на билбордот може да се преведе како „решенија” а напишан е на португалски јазик.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека видеото е манипулативно, фабрикувно, односно дека станува збор за содржина која е изменета (altered content). Во дел од видеото претставен е настан кој нема никаква врска со дете болно од канцер во Германија, туку се случил лани во Бразил  поради карантинот воведен во екот на пандемијата на ковид-19.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел возврати со напад врз Иран, Иран не планира да одговори

Израел утрово лансираше воздушен напад во близина на иранскиот град Исфахан, велат американски извори за Си-би-ес, а пренесува Би-би-си. Нападот доаѓа шест дена по нападот на Иран во Израел, кога...