За скандалот на Онкологија од ВМРО-ДПМНЕ бараат разрешница, премиерот вели дека ќе ја има

Премиерот Димитар Ковачевски денеска беше дециден оти во овој случај нема да има пардон за никого и дека на секоја владина седница ќе го поставува прашањето до каде е постапката за правно разречување на случајот

-

Новинарката на „Фокус“ Ирена Мулачка во интервју за новинската агенција „Макфакс“ зборуваше за патот на злоупотребата на лекови на скопската Клиника за онкологија, потенцирајќи дека биолошката терапија што требало да ја примаат пациентите болни од рак се препродавала најверојатно во Косово, а во разработената шема учествувале одделни лекари, поранешни директори, медицински и одделенски сестри, благајни, возачи, секретари и чувари.

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска прашаа како директор на Клиниката за онкологија извадил документ за канцер за мајка си и уште колку заведени со фалсификат има на оваа клиника на штета на болните.

„Онкологија поседува КАТО систем од 2016-та година и има обучен персонал за него. Систем вреден тогаш 350.000 евра. 2017-та година, СДС ја презема власта, го поставува својот Нино Васев за директор, а тој го укинува, исклучува, затвора системот, според медиумите, „ќе заштедел на ќеси“!? Оттогаш почнува криминалот на штета на пациентите, со допишување фиктивни пациенти, продажба на лекови. Криминалот е толкав што директор на Клиниката вади документ со лажна дијагноза – за рак на бели дробови на име на мајката. Па, како се вади лажна документација за канцер? Колку такви пациенти се запишани? Што се се случува на Онкологија“, праша денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска потенцираше дека ќе соработуваат со надлежните институции за најригорозно казнување на поединците кои правеле нерегуларности.

„Не знам како било досега, но со мене ќе се постапува најригорозно каде има злоупотреба и нерегуларности“, рече Меџити.

Министерот за здравство додаде дека на Клиниката за онкологија има врвни професионалци и не можеме да се водиме од тоа кој-што кажал, туку дека одговорноста треба прецизно да се лоцира на поединци.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска беше дециден оти во овој случај нема да има пардон за никого и дека на секоја владина седница ќе го поставува прашањето до каде е постапката за правно разречување на случајот.

Ковачевски рече дека како влада се транспарентни и отворени за да придонесат за побрзо разрешување на случајот, дека ќе има точно име и презиме за тоа кој се огрешил, за да не биде под притисок ставена целата лекарска фела.

Премиерот додаде дека до Министерството за внатрешни работи и Обвинителството се доставени сите документи и материјали. Дополнително, новата директорка на Клиниката за онкологија направила кадровски промени, а на оние лица кои во минатото не се придржувале до процедурите, на некои им е прекинат и работниот однос.

Ковачевски рече дека вниманието како премиер е 100% насочено кон разрешувањето на овој случај. Тој очекува за прекршените постапки и злоупотреби да бидат казнети со закон одговорните лица.

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија недолични изјави...

Од еден до 85 милиони евра би чинеле решенијата за линданот во Пеленица

Од еден до 85 милиони евра би чинело решавањето на проблемот со токсичниот линдан во Пеленица, покрај Драчево. Единствената депонија со овој пестицид, која е лоцирана надвор од дворот на ОХИС,...

Кривична пријава против полицајка, од главниот магацин во Карпош недостасувала автоматска пушка

Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднело кривична пријава против А.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Владата ја донесе Програмата за работа за 2025 година

Економското заживување на земјата е наш врвен приоритет, поттикнување на силен циклус на економски раст, подобрување на севкупната транспортна инфраструктура, зголемување на животниот стандард, подобар и поквалитетен живот за секого, квалитетни...

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија...