Онколошките пациенти со апел да се пријават сите злоупотреби на Клиниката за онкологија

Тројца онколошки пациенти денеска беа примени на разговор во Јавното обвинителство, во однос на сомнежите дека на Клиниката за онкологија се вршеле злоупотреби со лековите, а особено со скапата биолошка терапија која наводно била препродавана на црниот пазар

-

Тројца онколошки пациенти денеска беа примени на разговор во Јавното обвинителство, од страна на Гаврил Бубевски, основен јавен обвинител на ОЈО, Ана Гоговска, надлежен јавен обвинител за предметот и Билјана Арсовска, советник-портпарол на Јавното обвинителство.

Овие пациенти, како што веќе објави Мета.мк, секојдневно во 19 часот протестираат пред обвинителството, со барања за вина и одговорност, а во однос на сомнежите дека на Клиниката за онкологија се вршеле злоупотреби со лековите, а особено со скапата биолошка терапија која наводно била препродавана на црниот пазар.

Онколошките пациенти влегуваат во обвинителството: Бараме вистина и одговорност!

Онколошките пациенти во обвинителството ги пренеле сите нивни стравови и проблеми, посочиле кои лекови недостасуваат или недостасувале на онкологија и побарале истрагата да биде длабока, детална и да се врати години наназад. Тие доставиле цела листа со барања, а од обвинителите добиле одговор дека на предистрагата работат двајца јавни обвинители истовремено, поради обемот и сериозноста на случајот.

„Добивме апел кој треба да го слушнат сите онколошки пациенти. Не молчете, сега е вистинскиот момент да ја кажете вашата приказна, вашата мака. Отворено ве повикуваме, не се плашете. Придружете ни се, дојдете на следната средба, споделете ја вашата приказна, дајте личен придонес, воедно ќе им помогнеме и ним да ја вршат истрагата. Или истото направете го на следниот телефон 076 304-872 на овој телефон ќе бидат запишани вашите податоци по што ќе ве контактира јавен обвинител или преку електронска пошта [email protected]“, порачаа пациентите по средбата.

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како и социјалните...

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како...