На кралот Чарлс му е дијагностициран рак, соопшти Бакингемската палата

Кралот вчера започнал со редовни третмани и ќе ги одложи јавните обврски во меѓувреме. Видот на ракот во моментов не се открива. Засега е познато само дека не станува збор за рак на простата

-

На британскиот крал Чарлс му е дијагностициран облик на рак, соопшти вчера Бакингемската палата, а пренесе Би-би-си. Видот на ракот, како и стадиумот, засега остануваат неоткриени.

Кралот вчера започнал со редовни третмани и ќе ги одложи јавните обврски во меѓувреме, соопшти палатата.

75-годишниот монарх лично ги информирал двата сина за неговата дијагноза, а принцот од Велс, Вилијам, бил во редовен контакт со неговиот татко.

Војводата од Сасекс, пак, принцот Хари, кој живее во САД, разговарал со кралот и во наредните денови ќе отпатува во Велика Британија за да го види.

Кралот се вратил во Лондон од Сандрингем во Норфолк вчера утрото, а од палатата велат дека почнал да се лекува амбулантски, односно посетува болница само за третманот.

Иако ќе ги паузира своите јавни настапи, кралот ќе продолжи со својата уставна улога како шеф на државата – ќе продолжи да одржува приватни состаноци и да работи со документација.

Кралот Чарлс пред повеќе од една недела имал операција на простата во приватна болница во Лондон, при што токму за време на интервенцијата бил забележан и дијагностициран ракот. Засега е познато само дека не станува збор за рак на простата.

Според Би-би-си, секој втор човек во Обединетото Кралство развива некаков вид на рак во текот на својот живот. Постојат повеќе од 200 видови, а најчести во Обединетото Кралство се ракот на дојка, белите дробови, простата и цревата.

Сем Алтман смета дека Илон Маск не е среќен човек

Извршниот директор на компанијата „Опен АИ“, Сем Алтман, зборуваше против својот ривал Илон Маск, еден ден откако го отфрли потенцијалниот договор што можеше да ја обликува иднината на вештачката интелигенција. Алтман,...

МОН разви мобилна апликација за родителите да имаат увид во образованието на нивните деца

Родителите и старателите на учениците од сега до електронскиот дневник ќе можат да пристапат и преку мобилна апликација развиена од Министерството за образование и наука (МОН). За новата апликација „Е-дневинк“ денеска на...

Сезона на вештерство во новото продолжение на Диабло 4

Новата сезона на Diablo 4: Season of Witchcraft е седмата сезона од играта која ги имплементира сите најфункционални механики до сега. Самата сезона се занимава со Witchcraft односно „вештерство” како имагинарна...

Македонија 12 места подолу на индексот на перцепција на корупцијата

Со 40 поени од вкупно 100, Северна Македонија годинава се најде на 88. место од 180 земји според најновиот Индекс за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл (ТИ). На скалата каде 0...

Сем Алтман смета дека Илон Маск не е среќен човек

Извршниот директор на компанијата „Опен АИ“, Сем Алтман, зборуваше против својот ривал Илон Маск, еден ден откако го отфрли потенцијалниот договор што можеше да ја обликува иднината на вештачката...