fbpx

Дејвид Камерон апелира кон Израел да не го ескалира конфликтот со Иран

Државниот за надворешни работи на Обединетото Кралство изјави дека Израел има право да одговори на нападот, но дека Велика Британија не би го поддржала Израел со оружја

-

Државниот за надворешни работи на Обединетото Кралство Дејвид Камерон апелираше кон Израел да не го ескалира конфликтот со Иран, притоа сепак истакнувајќи го правото на Израел да одговори на нападот на Иран, пренесува Гардијан.

Ситуацијата на Блискиот Исток ескалираше откако Иран истрела ракети кон Израел. Според Израелските одбранбени сили (ИДФ) 99 отсто од ракетите биле соборени и нема значајна штета или загинати во Израел. Бомбардирањето на Иран беше реакција на бомбардирањето на Израел на ирански конзулат во Сирија, каде загинале 18 лица, вклучувајќи цивили и членови на иранската војска.

Камерун изјави дека Британија ќе одговори на нападите на Иран доколку некој британски дипломатски објект е таргетиран и дека Велика Британија не би го поддржала Израел во напад против Иран.

На новинарски прашање за „мудроста“ на нападот врз иранскиот конзулат во Сирија, Камерон вели, „Тоа е прашање на Израел. Не сме дале коментар за тоа. Може ли да ја разберам фрустрацијата на Израел со Иран? Да, апсолутно можам. Но, не навлегувам во она што Израел го направи или не го направи“.

Според Камерон нападот на Иран бил „двојна загуба“, бидејќи не погодиле ниедна од нивните воени цели, а и му покажале на цел свет дека се штетно влијание во регионот.

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш исто така апелираше внимателно да се постапува со Иран, коментирајќи дека регионот е на раб на војна.

„Ниту регионот ниту светот не може да си дозволи повеќе војна. Сега е времето за деескалација. Време е да се отчекори од работ“, вели Гутереш.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...