fbpx

Состојбата со респираторниот синцициски вирус е под контрола, уверува Комисијата за заразни болести

-

Членовите на Комисијата за заразни болести констатирале дека состојбата со инфекцијата со РСВ (респираторен синцициски вирус), е стабилна, соопштија оттаму. Како што е наведено во соопштението, засега немало зголемување на бројот на новозаболени пациенти и хоспитализации, а болничките капацитети ги задоволуваат потребите за укажување здравствена грижа за децата со симптоми.

Покрај тоа, членовите на Комисијата ја разгледале и актуелната епидемиолошка состојба во државата и констатирале дека состојбата со ковид-19 е стабилна.

„Нема зголемување на бројот на позитивни случаи, хоспитализирани и починати. Ставот на Комисијата е дека четирите мерки, кои се актуелни и се на сила, проолжуват и во иднина. Тоа се носење маска во здравствени установи, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица и лица со посебни потреби“, наведено е во соопштението.

Мета вчера објави дека повеќе вируси ги полнат ординациите, како и дека е речиси исполнет капацитетот на Институтот за белодробни заболувања кај деца во Козле. Директорот Беким Зеќири рече дека има многу деца кои се хоспитализирани и дека сите доаѓаат со горни респиратони проблеми, односно со затнати носеви, отежнато дишење, кашлање.

Инаку респираторниот синцициски вирус често предизвикува инфекции на респираторниот систем, кои најчесто се манифестираат со симптоми на инфекција на горните делови на респираторниот систем, како настинка. Овој вирус, сепак, може да предизвика и инфекции на долниот респираторен тракт како што се бронхиолитис и пневмонија. Кај доенчињата, РСВ е најчеста причина за бронхиолитис, воспаление на малите дишни патишта во белите дробови. Речиси сите деца на возраст до две години добиваат инфекција предизвикана од РСВ. Кај доенчињата и малите деца инфицирани со РСВ, симптомите на болеста се појавуваат од 4 до 6 дена по инфицирањето, а повеќето деца закрепнуваат во рок од 7 до 14 дена.

Вакцина против РСВ не постои. Ако се присутни симптоми на настинка, ширењето може да се спречи со редовно миење на рацете (и родителите и децата), да се избегнуваат места каде што се собираат многу луѓе (посебно затворени простории), да се избегнува споделување на личните работи на детето (како цуцли, чашки, прибор за јадење), како и често да се перат детските играчки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Носталгија по диктатори: Хусеин, Гадафи и Асад

Чест наратив на Кремљ е дека ирачкиот лидер Хусеин, либискиот Гадафи и сирискиот Асад биле големи патриоти и имале добри социјални политики, но дека биле жртви на американскиот империјализам,...