Инспекторите засилено да проверуваат дали во градинките има невакцинирани деца против голема кашлица

Ако има дете кое нема целосна вакцинација, од следниот ден нема да може да посетува градинка

-

Членовите на Комисијата за заразни болести препорачуваат периодов да се засили инспекцискиот надзор во градинките за да се види реалната слика со вакцинирани и невакцинирани деца со ДиТеПер вакцина против голема кашлица, соопшти денеска портпаролот д-р Злате Мехмедовиќ по состанокот на Комисијата. Ова следува неколку дена откако Мета.мк го отвори прашањето за тоа дали и колку се почитува одлуката за забрана за прием во градинка за деца кои ги немаат примено потребните дози од вакцината за пертусис.

„Инспекторите прават редовни контроли и тие се редовна процедура во услови на епидемија. Но, сметаме дека тој инспекциски надзор треба да се засили, да имаме повеќе инспектори на терен. Ако има дете кое нема целосна вакцинација, од следниот ден нема да може да посетува градинка“, рече д-р Мехмедовиќ.

Тој информира дека работат вакциналните пунктови во две смени и дека досега се аплицирани вкупно 22.385 дози вакцини.

„Вакцинацијата се одвива добро, на родителите ќе им бидат овие вакцинални пунктови достапни и во идина. Една од денешните препораки е и да се овозможи тестирање на територија на цела држава за пертусис, спроведувана од центрите за јавно здравје. Она што исто така е важно е и дигиталната евиденција за вакцинација на децата. Комисијата одлучи да препорача во пунктовите дигиталната евиденција да биде задолжителна, за да имаме подобар преглед за децата што се вакцинираат“, додаде Мехмедовиќ.

Во земјава, досега се регистрирани 123 случаи на пертусис, од кои 109 од заболените лица се од Скопје. Состојбата во државата, според надлежните, е стабилна.

На 15 март ќе стасаат и првите дози вакцина за возрасни. Предност се дава на возрасни што живеат со деца кои се под посебен ризик да заболат, односно деца под 2 години, потоа возрасни кои се во контакт со деца на оваа возраст, како и бремени жени во последниот триместар.

Инфектологот д-р Фадил Цана вели дека пациент кој поради кашлица се тестирал на Клиниката за инфективни болести, бил позитивен на тестот, иако немал никаква друга симптоматологија освен кашлање.

„Возрасните не се ризична категорија. Ако се тестираат сите, ќе се создаде хаос а и бројките би биле повисоки од сегашните. Целта е да се заштитат најмалите, односно децата под две години“, рече Цана.

На прес-конференцијата беше истакнато дека родителите не треба да ги пропуштаат дозите за сите вакцини особено во период кога регионот е под закана од морбили.

„Ако родителите го следат задолжителниот календар за имунизација, ќе видат дека нема потреба ниедна вакцина да се одложи“, додаде Мехмедовиќ.

Мета.мк неодамна пишуваше во врска со тоа дали се прават контроли и дали навистина директорите на градинките запишуваат и примаат деца само со примените дози за пертусис, прашавме во Комисијата за заразни болести. Оттаму одговорија дека за ова треба да се обратиме во Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). Во инспекторатот, пак, ни рекоа дека за тие контроли е надлежно Министерството за труд и социјална политика под чија капа се градинките. Од МТСП, пак, за Мета.мк кажаа дека инспекторите биле секојдневно на терен и ги проверувале досиејата на децата.

„Тие досиеја треба да ги содржат доказите за здравствената состојба што е предуслов за прием и престој на децата во предучилишните установи. Досега не е утврдено непочитување на забраната за прием на невакцинирани деца“, тврдеа во МТСП.

Кој контролира дали се почитува одлуката за целосна вакцинација на децата против голема кашлица?

 

Познатата игра „Обливион“ доби ремастерирана верзија

Популарноста на играта „Обливион“ (The Elder Scrolls IV: Obilivion“, претходникот на ултра популарната видео игра „Скајрим“, доби своаја ремастерирана верзија. Не се работи само за козметички подобрена верзија, туку за драстично...

Тимот на Македонецот Дамјан „Киксан“ Стоилковски освои второ место на турнирот во „Кантер страјк“ во Мелбурн

На големото финале на турнирот во кантер страјк „Интел екстрим мастерс Мелбурн 2025“, тимот на „Вајталити“ успеа со 3:2 да ги победи тимот „Фалконс“, тимот на македонскиот професионален играч Дамјан Стоилковски....

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата македонска култура. Прославата...

Родители на загинатите млади во Кочани бараат одговорност и обвинуваат за притисоци

Родители на загинатите млади во трагичниот настан во Кочани вчера на протестен собир побараа одговорност од институциите и обвинија дека се соочуваат со притисоци и закани за апсење. На протестот, една од...
Oblivion Remastered Screenshot from Steam

Познатата игра „Обливион“ доби ремастерирана верзија

Популарноста на играта „Обливион“ (The Elder Scrolls IV: Obilivion“, претходникот на ултра популарната видео игра „Скајрим“, доби своаја ремастерирана верзија. Не се работи само за козметички подобрена верзија, туку...