недела, 16 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: вакцина | 134 резултати

Вакцинирани околу 100 лица кои биле во близина на заболените од мали сипаници

25 септември 2017

Центарот за јавно здравје Скопје (ЦЈЗ) информира дека за време на викендот биле вакцинирни околу сто лица, кои биле во непосредна близина на заболените од мали сипаници (морбили) и кои не се вакцинирани или немаат потврда за вакцинација на територијата на Општина Гази Баба, каде од петокот е прогласена ограничена епидемија. „Екипи од ЦЈЗ – Скопје […]

Комисијата за заразни болести прогласи епидемија на мали сипаници во Гази Баба

23 септември 2017

Комисијата за заразни болести прогласи епидемија на морбили (мали сипаници) во Општина Гази Баба, откако пет деца се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести. Најмалото дете има 12 месеци, а најголемото 11 години. Претседателот на Комисијата, Звонко Миленковиќ, вели дека три од нив имале висока температура и други компликации кои се појавиле пред осипот, но не се […]

Бројот на заболени од грип 40 пати повисок отколку лани

30 декември 2016

Изминатата недела од грип заболеле 4.195 лица, а минатата година во истото време овој број изнесувал 109 лица, што значи годинава бројот на заболени е 40 пати поголем, покажуваат најновите бројки на Институтот за јавно здравје. Бројот на заболени од грип се зголемил 4,9 пати во споредба со минатата недела, кога биле регистрирани 853 заболени лица. […]

Болеста јазлеста кожа побрза од вакцините

21 јуни 2016

Итен состанок со ветеринарните служби и со инспекциите денеска имаа сточарите од Општината Карбинци. Болеста јазлеста кожа се прошири на неколку стада во оваа општина. Сточарите велат дека ветените вакцини задоцнија, а болеста со појавата на комарците интензивно се шири. Сточарите на состанокот се пожалиле дека допрва ќе трпат загуби. Бараат час поскоро преку вакцинација […]

СЗО: Вакцина против вирусот зика за 18 месеци

12 февруари 2016

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека ќе бидат потребни 18 месеци за вршење клинички тестирање на вакцината против вирусот зика кај луѓето. Помошникот на генералниот директор на СЗО за здравствени системи и иновации, Мари-Пол Кини, рече дека постојат два кандидати за вакцина кои би можеле да се најдат во производство. Едната ја направил американскиот […]

Бројката на заболени од грип во Гостивар забрзано се зголемува

4 февруари 2016

Рапидно се зголемува бројката на заболени од грип во Гостиварско. За споредба, на почетокот од годинава, имаше регистрирано само неколку случаи, а сега нивната бројка изнесува околу 280 лица. Лекарите очекуваат вирусот да се шири интензивно и во периодот што следува. – Вакцината е најдобра заштита од грипот. Во Гостивар сезонава против вирусот се вакцинирани 1.100 граѓани. Тие […]

Во Србија почна примената на кубанската вакцина против рак на белите дробови

10 декември 2015

Два пациента кои ги исполнија критериумите ја примија кубанската вакцина против рак на белите дробови, со што денеска почна примената на овој лек во Србија, соопшти српскиот министер за здравство, Златибор Лончар. – За луѓето кои денеска ја примија вакцината, ова е сериозна надеж, а останува да ја следиме нивната состојба – рече министерот. Лончар […]

СЗО: Новата вакцина против ебола е 100 проценти ефикасна

31 јули 2015

Новата вакцина против ебола, тестирана на 1.000 лица заразени во Гвинеја, се покажала како ефикасна заштита во 100 проценти од случаите и би можела да го спречи ширењето на смртоносниот вирус, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Здравствените стручњаци оценуваат дека резултатите од истражувањето се „извонредни“ и ги менуваат работите поврзани со оваа болест. – Веруваме дека […]

Ќе се вакцинираат мигрантите што престојуваат во Македонија

18 јуни 2015

Доктори инфектолози и дерматовенеролози ќе ги посетат мигрантите во прифатниот центар за странци во Гази Баба поради опасност од ширење заразни заболувања, шуга и вошки, најавија здравствените власти. Донесена е одлука да се вакицинираат сите мигранти што ќе престојуваат во Македонија, а комисијата за заразни болести од Министерството за здравство подготвува план за имунизација, објави „Алсат-М“. […]

Тодоров: Предвидена вакцина и за стрептокока

22 декември 2014

Вакцинацијата, генерално, се одвива одлично, а од 2018 година е предвидена и вакцина за стрептокока да влезе во генералниот календар, истакна министерот за здравство Никола Тодоров на синоќешната отворена владина седница. – Таа е честа бактерија, позната за пошироката јавност, особено за оние што имаат деца во градинки и во училишта. Веројатно имаме десет пати поголемо […]

Страна 7 од 7