fbpx

Не е точно дека генетски модифицирани комарци ќе го избоцкаат остатокот од светот

-

Станува збор за фаза од развој на вакцината против маларија каде се користат комарците исклучиво за развој на вакцината. Самите истражувачи и научници вклучени во процесот негираат дека тоа ќе биде начинот на кој вакцината ќе биде користена од страна на широката популација. Напротив, кога ќе биде развиена, вакцината ќе биде ставена во игли, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели дека „генетски модифицирани комарци ќе го избоцкаат остатокот од светот, сакале тие или не“. Потоа се споделува линк од текст во кој се објаснува дека генетски модифицирани комарци биле употребени за успешно вакцинирање на луѓето против маларија, како дел од испитување финансирано од Националниот институт за здравје на САД.

Меѓутоа, не е точно тврдењето во постот дека „генетски модифицирани комарци ќе го избоцкаат остатокот од светот, сакале тие или не“. Тоа го има разјаснето самиот автор на истражувањето.

Ги користиме комарците, како тие да се илјада мали летечки игли, објаснува лекарот и научник од Универзитетот во Вашингтон, Сиетл, доктор Шон Марфи, водечки автор на трудот во кој детално се опишуваат вакциналните испитувања.

Инсектите доставуваат живи плазмодиум паразити кои предизвикуваат маларија, кои се претходно генетски модифицирани за да не ги разболуваат луѓето (да не ја пренесуваат болеста). Телото и понатаму создава антитела против ослабениот паразит така што е подготвено да се бори и против вистинската болест.

Да бидеме јасни, Марфи не планира да ги користи комарците за да вакцинира милиони луѓе. Комарците се користеле за вакцинирање против маларија за клинички истражувања и во минатото, но тоа не е честа
пракса. Тој и неговите колеги се одлучиле на овој чекор зашто е скапо и одзема многу време да се развие формулација на паразити коишто може да се администрираат со игла. Во оваа фаза од клиничкото исптиување, логично е да се користат за администрирање, пишува NPR.org.

Доктор Кристен Лајк, истражувач на вакцини на Универзитетот Мериланд за медицина, вели дека „ова е старомоден начин кој повторно станува нов“. Таа го нарекува генетски модифицираниот жив паразит „тотален менувач на играта“ за развојот на вакцините. Овој тип на вакцини секако уште не е готов, но мала група од 26 учесници покажаа дека модифицираните паразити, ги заштитиле некои од учесниците во тестирањето од инфекции со маларија со месеци!

Марфи верува дека овој пристап може некој ден да резултира со вакцина која е далеку поефективна отколку првата вакцина против маларија во светот која има ефикасност од само 30 до 40 проценти.

Паразитите на маларија живеат во жлездите на комарците. Болеста е најчеста во Африка каде топлата клима одговара на растот на паразитите. Луѓето добиваат маларија од убод на инфициран комарец. Инфицираните луѓе може да го пренесат паразитот на маларија врз комарците што ќе ги каснат
и така циклусот на инфекција продолжува.

Сметаме дека можеме да бидеме подобри, вели Стефан Капе, автор на студијата и паразитолог од Универзитетот Вашингтон, Сиетл.

Тој и Марфи се надеваат дека ќе ја подобрат ефикасноста на вакцината на нивниот тим, откако ќе ја стават во игли наместо да ги користат комарците, за да се модифицира најсоодветната доза. Повисока иницијална доза може да води кон поголема заштита за подолг временски период.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека не е вистина дека генетски модифицирани комарци ќе го избоцкаат остатокот од светот (вакцинираат н.з.). Станува збор за фаза од развој на вакцината против
маларија каде се користат комарците исклучиво за развој на вакцината. Самите истражувачи и научници вклучени во процесот негираат дека тоа ќе биде методот за широката популација. Напротив, кога ќе биде развиена, вакцината ќе биде ставена во игли.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грузиската полиција со водени топови и солзавец ги разби демонстрантите против законот за „странски агенти“

Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби против демонстрантите пред парламентот доцна во вторникот, остро ескалирајќи ја репресијата откако пратениците дебатираа за нацрт-законот за „странски агенти“, кој...