fbpx

Во Скопје смрдеа од преполните контејнери и револт на граѓаните [галерија]

Неколкутемина граѓани што ги сретнавме при обиколката на населбите Дебар Маало, Карпош, Влае, Сарај и Чаир денеска со неверување гледаа во куповите ѓубре, не знајќи што да прават со ѓубрето што го изнеле - дали да го фрлат на купот или да го вратат дома

-

Контејнерите за ѓубре се преполнети, околу нив полека растат ридови од ѓубре, а на високите температури смрдеата од ѓубрето се повеќе се засилува, па е тешко подносливо човек да им се приближи и на два метра. Таква е сликата во Скопје денеска, откако поради штрајкот на вработените во ЈП „Комунална хигиена – Скопје“, веќе трет ден контејнерите не се празнат.

Скопје се гуши во ѓубре, вработените протестираат, Мазнева се жали на закани по живот [галерија]

Неколкутемина граѓани што ги сретнавме при обиколката на населбите Дебар Маало, Карпош, Влае, Сарај и Чаир денеска со неверување гледаа во куповите ѓубре, не знајќи што да прават со ѓубрето што го изнеле – дали да го фрлат на купот или да го вратат дома.

„Ова е навистина неподносливо, не може вака да живееме во 21. век. Ни криви ни должни, ние граѓаните ја плаќаме цената, Ова ѓубре веднаш треба да се однесе“, вели еден жител на Карпош.

Состојбата е најлоша во населбите со згради, каде неретко на 30-40 станови „доаѓа“ по еден контејнер.

Поради распаѓањето на органскиот отпад, покрај смрдеата, неизоставен придружник на грдата слика се и мувите и други инсекти.

„Како ќе живееме вака? Инсектите сега ќе разнесат еден куп зарази.Треба веднаш да се собере ѓубрето“, искоментира еден жител на Чаир.

Иста е состојбата и во населбите каде преовладуваат куќи, како Влае, каде некои канти за отпадоци беа истуркани подалеку од оградите на дворовите, за да се намали смрдеата.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...