Земјотрес во Струга со интензитет од три степени

Во 11 часот бил регистриран земјотрес чиј епицентар се наоѓа 119 km југозападно од Скопје, во соседна Албанија

Фото: Мета.мк

Почувствуван е земјотрес во југозападниот дел од Републиката, во Струга и
околината, со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала, соопштија од Сеизмолошката опсерваторија.

„Телеметриската сеизмолошка мрежа на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 24.02.2024 година во 11 часот регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 119 km југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија, со Рихтерова локална магнитуда M L 3.1“, информираа оттаму.