fbpx

Болниците се преполни по земјотресот во Непал, загинаа над 150 луѓе

Фотографии на социјалните мрежи сведочат за тоа како луѓето копаат низ урнатините во мракот за да ги извлечат преживеаните од остатоците од срушените згради

-

Повеќе од 150 луѓе загинаа во земјотрес што вчера го погоди западниот дел од Непал.

Безбедносните сили се распоредени за да помогнат во спасувачките напори во областите Јајаркот и Западен Рукум, 500 километри западно од Катманду, пренесува Би-би-си.

Силни потреси биле почувствувани многу подалеку, во главниот град на Непал и во градови во соседна Индија, вклучувајќи го и Делхи.

Портпаролот на армијата, како што јавува Би-би-си, изјавил дека повеќе од 100 луѓе се повредени, а болницата во Јајаркот е преполна.

Уште три потреси биле почувствувани во рок од еден час по земјотресот, а голем број луѓе го поминале остатокот од ноќта на отворено поради страв од дополнителни земјотреси и оштетувања на нивните куќи.

Видео снимки на локалните медиуми покажуваат урнати фасади на повеќекатните куќи од тули. Фотографии на социјалните мрежи сведочат за тоа како луѓето копаат низ урнатините во мракот за да ги извлечат преживеаните од остатоците од срушените згради.

Непалскиот премиер Пушпа Камал Дахал денеска пристигнал во погодениот регион и изразил „длабока тага“ за загубата на животите и имотот предизвикани од земјотресот, на социјалната мрежа X. Тој рече дека им наредил на безбедносните агенции веднаш да започнат спасување и операции за помош.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...