(ИНТЕРВЈУ) Николовски од УСС УКИМ: Ни треба практична настава што ќе ги подготви студентите за пазарот на труд

Во разговорот, студентскиот лидер на УКИМ зборува и за идеите како да се подобри мерката субвенциониран студентски оброк, враќање на студентскиот медиум „Авангарда“, дуално образование и подобро искористување на средствата што студентите ги уплаќаат за ИКСА

Александар Николовски, претседател на УСС УКИМ / фото: Мета.мк

Потребно е ревидирање и унапредување на квалитетот на наставните програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје (УКИМ) со цел вештините со кои се стекнуваат студентите да „се соединат“ со потребите на пазарот на работна сила. Заложби за воведување задолжителна практична настава каде студентот нема да добива само „печат“, туку ќе го искуси реалното функционирање на бизнисот, најавува во интервјуто за Мета.мк новиот претседател на Универзитетското студентско собрание на УКИМ (УСС УКИМ), Александар Николовски.

УСС УКИМ ќе биде тело коешто ќе го заживее студентскиот живот на факултетите и ќе ги брани студентските права.

Николовски најавува формирање комисија за студентски стандард што ќе се залага за проблемите со студентските домови и стипендиите, урбанизирање на универзитетскиот кампус, продолжување на заложбата за дигитализација на наставата и конечно укинување на хартиените пријави и обрасци при упис или заверка на семестар.

Во разговорот, студентскиот лидер на УКИМ зборува и за идеите како да се подобри мерката субвенциониран студентски оброк, враќање на студентскиот медиум „Авангарда“, дуално образование и подобро искористување на средствата што студентите ги уплаќаат за ИКСА (информатички, културни и спортски активности).

Целиот разговор може да го проследите во видеото.