среда, 11 март, 2026
Meta.mk

Ознака: високо образование | 91 резултати

Какви се условите во студентските домови: Студентите од Сениќ се задоволни, во Пелагонија се жалат, а од Гоце молчат

12 декември 2025

Студентите коментираат дека има подобрувања во домовите, иако посакуваат уште подобри услови, кои според нив, треба да се случуваат побрзо и почесто

Државната матура ќе се полага во училишните простории, МОН ги прифати барањата на средношколците

2 април 2025

Од Сојузот на Средношколци информираат дека Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар го прифатиле барањето државната матура да се полага во училишните простории наместо во амфитеатрите на факултетите, како што беше претходно најавено. Согласно оваа одлука, матурантите ќе полагаат во своите училишта, под услов тие да ги исполнуваат потребните стандарди за спроведување […]

Јаневска: За седум години во државата има 17 илјади ученици помалку, а бројот на студенти е намален за 7 илјади

26 февруари 2025

Се трудиме да го унапредиме квалитетот на образованието, кое во минатото често беше причина за младите да си заминуваат во други земји барајќи подобри образовни можности. Ќе направиме крупни промени, но потребна е посилна соработка со сите чинители, а особено со универзитетите и бизнис заедницата, за да го стопираме процесот на миграција. Ова го истакна […]

Јаневска: Студентите ќе одлучат дали сакаат 160 денари оброк или зголемување на опсегот

9 јануари 2025

Во Буџетот на Министерството за образование и наука (МОН) за следната година се обезбедени средства за покачување на студентскиот оброк од 140 на 160 денари дневно, но студентите ќе одлучат дали повеќе сакаат да се реализира ова зголемување или пак да се прошири опсегот на студенти кои земаат оброк. Ова го изјави министерката за образование […]

Јаневска: За оваа година обезбедивме буџет за студентски стандард кој е за 18 проценти поголем од ланскиот

3 јануари 2025

Mинистерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на денешна средба со претставници на Националното студентско тело, Сојузот на средношколци и Форумот за образовни промени, дискутираше за заедничките приоритети во 2025 година. „Драго ми е што учениците и студентите се задоволни од досега преземените активности и мерки, а јас уверувам дека ќе биде уште […]

Високото образование во 2024: Многу зборови, малку промени

3 јануари 2025

Изминатата 2024 година Македонија беше исправена пред предизвици и настани кои повторно го поставија прашањето за иднината на високото образование и студентскиот стандард. Од зголемени трошоци за студентите, преку корупцијата, до протести и барања за подобрување на условите – уште една година помина со впечатокот дека системот бара сериозни реформи. Според Државниот завод за статистика, […]

Формиран Бизнис совет на Хајделберг факултетот за соработка меѓу академијата и бизнис секторот

21 декември 2024

Хајделберг факултетот Скопје соопшти дека формира Бизнис совет, како стратешки советодавен одбор за зајакнување на соработката помеѓу академската заедница, студентите и бизнис секторот. Свечената церемонија се одржа денеска во просториите на факултетот. Оттаму велат дека Бизнис советот претставува платформа за заедничка работа чија цел е да се надминат предизвиците на пазарот на трудот, особено недостатокот […]

Дебата: Вештачката интелигенција е корисна за сите, но само ако се користи етички

14 декември 2024

Кои се предизвиците во високото образование поврзани со користењето на ВИ алатки, потребата од воспоставување баланс помеѓу иновацијата и академскиот интегритет, како и важноста од меѓусекторска соработка во креирањето на политиките за вештачка интелигенција. Ова се темите кои беа дискутирани во рамки на настанот „Етичка употреба на вештачката интелигенција: Кој ја има контролата – луѓето […]

Јаневска најави промени и ново законско решение за високото образование во 2025 година

29 ноември 2024

Следната година ќе биде усвоен нов Закон за високото образование кој ќе обезбеди повеќе и подобри можности за студентите и професорите, но и ќе ги подигне стандардите за квалитет што високообразовните установи ќе треба да го следат. Ова го рече министерката за образование и наука Весна Јаневска на вчерашната собраниска седница на која пратениците поставуваа […]

На идните лекари им се „испразнија џебовите“, бараат поголема помош од надлежните

27 ноември 2024

Да се биде студент по медицина на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје значи да се трошат големи суми, особено ако сте студент кој доаѓа од другите градови на РСМ. Месечните трошоци достигнуваат повеќе илјадници денари, вклучувајќи ги високите цени за образование, сместување, патување, храна и други потреби. И покрај помошта од државата, студентите […]

ЕК за образованието: Резултатите на учениците слаби, буџетот потпросечен

19 ноември 2024

Слаби ученички резултати на меѓународните тестирања, буџет за образование кој е далеку под просекот на ЕУ, дигитална трансформација која е ефективна, кохерентна и инклузивна. Ова се само дел од забелешките нотирани во извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава, кој се однесува на образованието. Иако има многу предизвици, сепак, во делот кој се однесува […]

АНАЛИЗА: Колкави се трошоците за студентите за зимскиот семестар на шесте државни универзитети?

29 септември 2024

Студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје од оваа академска година се соочуваат со зголемени дополнителни давачки покрај партиципацијата, односно школарината за студирање. Па така, од овој зимски семестар, во насоките за упис, студентите забележале нови трошоци кои треба да ги уплатат на сметката на факултетите. Зголемувањето на сумите некаде се движи […]

Корупција во високото образование: Продажбата на книги од професори е најчеста коруптивна појава*

22 септември 2024

Корупцијата е сериозен проблем во државата која не прави речиси ништо во борбата против истата. Ова е нотирано во последниот извештај на Европската комисија за напредокот на С. Македонија, каде што е потенцирано дека корупцијата во сите сфери, е проблем кој е сериозно загрижувачки. Во секторот образование, има различни коруптивни форми, кои студентите најчесто не […]

Опаѓа бројот на дипломци, магистри и доктори што бараат работа

26 август 2024

Се намалува бројот на високообразован кадар во земјата кој активно бара работа, покажува евиденцијата на Агенцијата за вработување на Северна Македонија (АВРСМ). Ако се направи споредба/анализа на невработеноста според степен на образование, за изминатите пет години, може да се забележи опаѓање на бројот на лица со високо образование кои бараат работа, а паѓа и бројот […]

(ИНТЕРВЈУ) Проф. Трајаноска: Интердисциплинарноста е иднината на високото образование

8 август 2024

Интересот за филолошките науки бележи глобален пад, но хуманистичките науки остануваат суштински за разбирање на општествата и културите. Универзитетската професорка Ивана Трајаноска во интервју за Мета.мк ја нагласува трајната вредност на изучувањето на јазикот, литературата и лингвистиката, и ја истакнува нивната улога во поттикнувањето на критичкото размислување и креативноста. Воведувањето на новата студиска програма за креативно […]

Формирано ново тело што треба да стави ред во високото образование

31 јули 2024

Владата формираше тело кое треба да воспостави ред во високо образовните установи во земјава, а без акредитација и дозвола за работа ќе останат оние кои нема да ги отстранат недостатоците, ова го најави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој кажа дека вчера на владина седница ја задолжил министерката за образование и наука заедно со лица од […]

[ИНТЕРВЈУ] Јаневска за високото образование: Просветниот инспекторат ќе има многу работа

27 јули 2024

Македонија има премногу факултети и универзитети кои не придонесуваат кон напредок на образовниот систем. Државата е извозник на млади умови и таленти бесплатно, а нема план што да направи за да ги задржи. Платите на универзитетските професори се покачија и сега тие треба да ѝ возвратат на земјата и да се ангажираат во нивните области […]

[ИНФОГРАФИК] Во земјава има вкупно 52.316 студенти, благ пад на уписите

8 јули 2024

Вкупно 52.316 студенти се запишани во академската 2023/2024 година на високообразовните установи во Северна Македонија, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС). Согласно извештајот, бројот на студенти во оваа академска година е помал за 2,8 отсто во споредба со запишаните студенти во претходната. Најголем дел од студентите – речиси 78 отсто, се запишале […]

УКИМ се држи „за влакно“ – останува на 1.990 место меѓу 2.000 најдобри универзитети во светот

13 мај 2024

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) останува на 1.990-то место на листата на 2.000 најдобри универзитети во светот за 2024 година, што денеска ја објави Центарот за рангирање на светски универзитети (CWUR). Станува збор за ранг-листа која CWUR ја објавува секоја година, а при рангирањето, универзитетите и колеџите ги оценува според четири фактори: […]

Страна 1 од 5