Земјотрес со епицентар во Косово ноќеска почувствуван во Скопје

Денеска на 25.12.2023 година во 03 часот и 26 минути, регистриран е земјотрес чиj епицентар се наоѓа во Република Косово, на 20 километри северо-западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.3

-

Жителите на Скопје изминатава ноќ почувствуваа земјотрес, чиј епицентар бил во Република Косово. Телеметриската сеизмолошка мрежа во земјава, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска на 25.12.2023 година во 03 часот и 26 минути, регистрирале земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Република Косово, на 20 километри северо-западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.3.

„Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во околината на градот Скопје, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала“, стои во соопштението на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Утре посебен режим на сообраќај во Аеродром поради атлетска трка

Утре во периодот во 7 и 30 часот до 10 и 30 часот, ќе се одржи атлетска улична трка со стартно-целна позиција на булевар „Јане Сандански“, па поради тоа ќе има...

Калас: Важно е Македонија да остане на европскиот пат

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија Каја Калас, по посетата на Скопје, порача дека Македонија припаѓа во европското семејство и оти е...

Измамник „извлекол“ 17.300 евра од 83 годишна Скопјанка

Измамник кој се претставил како полициски службеник, успеал да одземе 17.300 евра од 83 годишна Скопјанка, информираат во Министерството за внатрешни работи (МВР). Жената вчера го пријавила случајот во полициската станица...

ИЈЗ: Немаат симптоми лицата со кои биле во контакт заразените со мајмунски симапници

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска информира дека епидемиолози искомуницирале со контактите на позитивните лица со Mpox (мајмунски сипаници) и истите посочиле дека немаат никакви симптоми на ова заболување. „Позитивните лица се...

Утре посебен режим на сообраќај во Аеродром поради атлетска трка

Утре во периодот во 7 и 30 часот до 10 и 30 часот, ќе се одржи атлетска улична трка со стартно-целна позиција на булевар „Јане Сандански“, па поради тоа...