среда, 13 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ | 30 резултати

Земјотрес ноќеска почувствуван во Скопје

септември 23, 2024

Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала ноќеска бил почувствуван во Скопје и околината. Од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје информираа дека земјотресот бил регистриран ноќеска во 2 часот и 2 минути, со епицентар во скопското епицентрално подрачје. „Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението […]

Земјотрес попладнево почувствуван во Скопје

јули 16, 2024

Земјотрес попладнево во 14 часот и 6 минути бил регистриран во Скопје, со локална магнитуда од два степена според Рихтеровата скала. За ова информираше Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје, откако телеметриската сеизмолошка мрежа на станиците инсталирани ширум земјава, го регистрирала земјотресот. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот бил почувствуван од […]

Синоќа повторно земјотрес во Охрид

јули 8, 2024

Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала синоќа бил почувствуван во Охрид, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според податоците со кои располага опсерваторијата, земјотресот во 22 часот и 52 минути бил почувствуван од населението во градот Охрид и околината, како и во пограничните делови со Албанија, со интензитет од 4 […]

Земјотрес синоќа почувствуван во Штип

јуни 15, 2024

Земјотрес чиј епицентар бил припаѓа на епицентралното подрачје Штип – Радовиш, вчеравечер бил регистриран од телеметриската сеизмолошка мрежа, информираше Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Земјотресот се случил во 19 часот и 54 минути, а бил со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала. Според податоците со кои располага опсерваторијата, земјотресот бил почувствуван од […]

Земјотрес во Албанија близу Елбасан, почувствуван во Охрид и во Кичево

февруари 8, 2024

Денес во 6 часот наутро е регистриран земјотрес во Албанија, чиј епицентар се наоѓа 130 км југозападно од Скопје со Рихтерова локална магнитуда од 3,6 степени, известува Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според досегашните податоци, од опсерваторијата велат оти земјотресот бил почувствуван во југозападниот дел од државата, вклучувајќи и во Охрид и Кичево, […]

Силен земјотрес во Албанија, почувствуван во Охрид, Струга, Гостивар и Скопје

јануари 14, 2024

Земјотрес со локална магнитуда од 4,5 степени според Рихтеровата скала доцна синоќа се случил во Албанија. Земјотресот го регистрирала и телеметриската сеизмолошка мрежа на РС Македонија на сеизмолошките станици инсталирани ширум земјава и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Како што соопштија од Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот бил регистриран синоќа 17 минути после […]

Земјотрес со епицентар во Косово ноќеска почувствуван во Скопје

декември 25, 2023

Жителите на Скопје изминатава ноќ почувствуваа земјотрес, чиј епицентар бил во Република Косово. Телеметриската сеизмолошка мрежа во земјава, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска на 25.12.2023 година во 03 часот и 26 минути, регистрирале земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Република Косово, на 20 […]

Земјотрес утрово почувствуван во Скопје

декември 19, 2023

Слаб земјотрес со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала утрово во 9:54 часот е регистриран во Скопје. Епицентарот на земјотресот е на тромеѓето Македонија-Србија-Косово, на длабочина од 5 километри, се наведува во податоците објавени на веб-страницата на Евромедитеранскиот сеизмолошки центар. Локацијата на земјотресот е на 4 километри североисточно од Скопје. Од Сеизмолошката опсерваторија при […]

Земјотрес со епицентар во Албанија почувствуван и во Македонија

август 3, 2023

Земјотрес со магнитуда од 3,1 степен според Рихтеровата скала вчеравечер регистрирала Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Земјотресот се случил во 22 часот и 44 минути, а епицентарот се наоѓал 97 километри југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија. Според информациите на Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот бил почувствуван во југозападните делови од Македонија. И Европско-медитеранскиот […]

Земјотрес утрово почувствуван во Берово

јуни 22, 2023

Земјотрес од 2,7 степени според Рихтеровата локална магнитуда утрово бил почувствуван во Берово. Како што соопшти Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје, земјотресот се случил утрово во 9 часот и 53 минути, а епицентарот бил регистриран на 113 километри југоисточно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Делчево-Берово. […]

Земјотрес утрово го погоди Охрид

мај 31, 2023

Земјотрес со магнитуда од 3,1 степен според Рихтеровата скала утрово бил почувствуван во Охрид и околината. Земјотресот се случил во 10 часот и 14 минути, информираше Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. „Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во […]

Утрово нов земјотрес во Штип

април 19, 2023

Нов земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.3 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала беше регистриран утрово во 4:22 часот на 74 километри југоисточно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Свети Николе – Штип. Земјотресот бил почувствуван од населението во Штип и околината, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. […]

Не мирува тлото во Штип, попладнево уште еден земјотрес

март 31, 2023

Земјотрес со јачина од 2.0 според Рихтеровата скала и интензитет од II-III степени според Европската макросеизмичка скала беше регистриран попладнево во 16:07 часот од страна на Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Земјотресот се случил во епицентралното подрачје Св. Николе – Штип, 65 километри југоисточно од […]

За три дена, трет земјотрес во Штип

март 31, 2023

Земјотрес со јачина од 1,9 степени според Рихтеровата скала и интензитет од II-III степени според Европската макросеизмичка скала е регистриран претпладнево во Штип, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Оттаму велат дека според досегашните податоци, земјотресот се случил во 11 часот и 31 минута на епицентралното подрачје Свети Николе – Штип. Земјотресот бил […]

Земјотрес ноќеска го погоди регионот на Штип

март 29, 2023

Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала ноќеска го погодил регионот на Штип. Земјотресот се случил во 2 часот и 41 минута утринава и бил почувствуван од населението во Штип и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Земјотресот бил регистриран и од страна на Европско – Медитеранскиот сеизмолошки центар кој […]

Вистиномер: Во Лерин имаше земјотрес, а не експлозија и детонации

јануари 22, 2022

Бесмислено е да се тврди дека во Лерин не се случил земјотрес, туку дека имало експлозија. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) ноќта на 09.01.2022 година бил регистриран земјотрес во близина на Лерин со јачина од 5.5 степени по Рихтер. Од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ, исто така, потврдија дека имаше земјотрес. Раководителката на Сеизмолошката опсерваторија, д-р […]

Почувствуван земјотрес во јужните делови на земјава утрово

декември 13, 2021

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје, утрово регистрира земјотрес чиj епицентар се наоѓа 138 километри јужно од Скопје во соседна Република Грција, информираат од Сеизмолошката опсерваторија. Земјотресот се случил во 6.48 часот, со локална Рихтерова […]

Земјотрес од 2,9 степени по Рихтер почуствуван утрово на подрачјето Тетово-Гостивар

март 30, 2021

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, соопшти дека, утрово, 30 март 2021 година, во 06 часот и 15 минути, е регистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар. Епицентарот бил на 65 километри југозападно од Скопje, со локална […]

Земјотресот што денеска ги вознемири скопјани бил со јачина од 3,5 степени по Рихтер

декември 2, 2020

Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот што се случи денеска во 14 часот и 9 минути бил со јачина од 3,5 степени според Рихтер, а епицентарот бил во скопското подрачје. „Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при […]

Земјотрес од 3,4 степени по Рихтер во Охридско

мај 11, 2020

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утрово во 5:09 часот регистрирала земјотрес чиј епицентар бил на 114 км југозападно од Скопје, и потекнува од Охридското епицентрално подрачје. Земјотресот имал локална Рихтерова магнитуда од 3.4, а бил почувствуван од населението во Охрид, Струга и околината со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Страна 1 од 2