Објавен распоредот на изведувачи на вечерашниот музички фестивал „Земјотрес“

Дванаесеттото издание на фестивалот за домашна независна музика ќе започне во 19 часот во Младинскиот културен центар

Дванаесеттото издание на фестивалот за домашна независна музика „Земјорес“ ќе започне во 19 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје.

Ќе изведуваат над 20 македонски артисти, вклучувајќи бендови и диџеи, кои ќе настапуваат на три различни сцени – во салата „25 мај“, во бифето пред киносалата „Фросина“ и на „клуб“ сцената во МКЦ.

„Денес! Земјотрес #12! Вратите на МКЦ се отвораат од 19 часот. Програмата трае до 04:00! Доколку сé уште немате билет, добра вест – одлучивме другарската цена од 400 денари да ја задржиме до 18:00 часот! Потоа истата ќе биде 500 ден. Побрзајте! Вашата директна поддршка е овде, на bileti.mkc.mk, сега и веднаш, со три клика!“, соопштија од „Земјотрес“.

Во продолжение е целосниот распоред на изведувачи: