fbpx

Перформанс „Мачката Елеонора“ на 15 и 16 овој месец во МКЦ

„Мачката Елеонора“ е сработен по истоимената монодрама на Карен Јес, со авторски текстови од колективот и текстови на Елфриде Јелинек, Пол Б. Пресиадо и Силвија Федеричи“

-

н На 15 и 16 овој месец, ќе има две нови изведби на перформансот „Мачката Елеонора“, со почеток од 20 часот, информираат од организацијата „Тииииит! Инк.“. Перформансот, како што појаснуваат оттаму, бил развиен во рамки на платформата за изведувачки уметности „Испробување Феминистички Иднини 2.0“.

„Тој премиерно беше изведен лани на МОТ, а поради голем интерес, имаше и втора изведба во склоп на фестивалот. „Мачката Елеонора“ е сработен по истоимената монодрама на Карен Јес, со авторски текстови од колективот и текстови на Елфриде Јелинек, Пол Б. Пресиадо и Силвија Федеричи“, наведено е во соопштението на организацијата.

Колективот составен од Моника Ангелевска, Грација Атанасовска, Јасмина Василева, Вероника Камчевска и Лазарус, кој беше одбран на отворениот повик на Платформата за изведувачки уметности „Испробување феминистички иднини“, ги разработува овие процеси преку амбивалентниот лик на жената мачка Елеонора Гарацо.

Перформансот е финансиски поддржан од шведската фондација „Квина Тил Квина“, од Фондот за еднаквост, од „The Sigrid Rausing Trust“ организацијата, како и од Министерството за култура. Билетите се во ограничен број и може да се набават овде или на билетарницата на МКЦ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...