четврток, 18 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: перформанс | 29 резултати

Вечерва во „Котур“ премиера на перформансот „Два пати Мери“

февруари 5, 2024

Вечерва во „Котур кафе и филм“, ќе се одржи премиерата на перформансот „Два пати Мери“. Тоа е интердисциплинарен перформанс кој комбинира изложба на фотографии, театарска претстава, видео и поезија. „Се изведува од два тима во исто време на две различни локации, во Прага и во Скопје. Публиката ќе може низ сите канали да го следи […]

„Чекалница“ за остварување на политичките ветувања за граѓаните

септември 23, 2023

Центарот за современи уметности од Скопје, направи нова креативно-активистичка акција „Чекална“ посветена на сите граѓани на Македонија кои повеќе од 30 години чекаат да се случи нешто и работите да тргнат на подобро. „Идејата на оваа акција е да одадеме почит на просечниог македонски граѓанин – чекач кој веќе 30 години непрекинато чека. Чекаме за […]

Јован Јосифовски и STEAM ROOM на Викендот на гордоста 2023

јуни 8, 2023

Во рамки на единаесеттото издание на Викендот на гордоста Скопје, денеска и утре ќе се одржат уште два уметнички настана. Во КПЦ „Центар – Јадро“ вечерва во 21 часот ќе се отвори самостојната изложба „Еластично насилство“ на Јован Јосифовски, која нуди поинаква перспектива на чинот и последиците и асоцијацијата на семејното и физичкото насилство врз […]

Перформанс на Ширли Харти Убила и предавање на Марина Гржиниќ на Викендот на гордоста 2023

јуни 3, 2023

Во рамки на Фестивалот за квир култура, уметност и теорија Викенд на гордоста 2023 овој викенд ќе се одржат уште два настани во рамките на тематиката на неговото годинашно издание: КВИР-ХРОНОПОЛИТИКИ: Историја, афекти, утопии. Со почеток во 21 часот вечерва, во МКЦ ќе се одржи перформансот „Абјектот на желбата“ (Abject of Desire), во изведба на […]

Вечерва отворање на изложбата „Сизифов пат“ од карикатуристот Лука Лагатор

јуни 30, 2022

Вечерва со почеток во 20:00 часот во галеријата „Остен“ ќе се отвори изложбата на карикактури на познатиот карикатурист од Црна Гора, Лука Лагатор. Изложбата именувана „Сизифов пат“ ќе биде отворена со перформанс од карикатуристот. Притоа, како што информираат од галеријата, ќе бидат изложени 30 дела од неговиот доживотен циклус. „Преку „Сизифов пат“, Лагатор мајсторски игра […]

Поетична визуелизација на интимноста преку „Гол живот“ што ќе се одржи утре во МКЦ

јуни 17, 2022

Оваа сабота, во рамки на фестивалот „Прво па женско“ ќе се одржи перформансот „Гол живот“ на Оља Грубиќ и Виа Негатива од Љубљана. „Гол живот“ нѐ повикува да размислиме што значи да се биде вид на живо суштество во светот, да се има тело, услови за постоење, можност за живот? Идеологијата не е решение. Животот […]

Со перформанс и работилница на децата им се опиша штетноста од изградбата на малите хидроцентрали

јуни 8, 2022

„Се протна Флудо на другата страна, од големата и темна брана, и почна боја да губи од темнината почна да му студи, па почна да ги повикува и моли сите води и водни самовили, сите тревки лелеави, сите животинки, сите водни струи, да направат пукнатини на браната од камен и железни струготини. Флудо почна да […]

Утре ќе се одржи ДОБРО УТРО КРЕАТИВЦИ 2.0 – Саем за размена на креативни искуства и размисли

мај 20, 2022

Утре во „Јавна соба“ по вторпат ќе се одржи Саемот за размена на креативни искуства и размисли насловен како „ДОБРО УТРО КРЕАТИВЦИ“. Настанот е во организација на „Скала Магазин“ – прва дигитална платформа за дизајн и современа уметност, која е отворена за промоција на домашните млади креативци, нивно поврзување со индустријата и поддржување на културните […]

Перформансот „СРАМ“ на Ангела Стојановска ќе се одржи утре во Јавна соба

мај 10, 2022

Перформансот „СРАМ“ на независната уметница Ангела Стојановска ќе се одржи утре (11.05.2022) во Јавна соба со почеток од 20 часот. Темата на перформансот симултано обработува неколку аспекти на односот на општеството кон женското тело, храната и сликата за самите себеси која ваквиот општествен амбиент ни ја наметнува. „Ова е моето простување со срамот од моето […]

(Фото) Петардите не се играчка: Средношколци со реалистичен перформанс од центарот на Скопје

декември 14, 2021

Во пресрет на новогодишните празници учениците од средното музичко училиште „Илија Николовски Луј“, како и учениците од Средното училиште за ликовна уметност „Лазар Личеновски“ ги употребија своите уметнички вештини за да покажат какви последици настануваат при употреба на петарди и други пиротехнички средства. Тие заедно со припадници на Одделението за превенција при СВР-Скопје и Црвениот […]

Уметници од земјава со театарски проект ќе се претстават на фестивал во Италија

ноември 8, 2021

На театарскиот фестивал „Квартиере дел арте“ во Витербо (Италија) денеска премиерно ќе биде прикажан првиот дел од серијата кратки перформанси во рамките на театарскиот колаж „Амор Вичит“ работен според две микродрами на италијанските автори Фабио Марсон и Рикардо Табилио, информираат од „Перипетија Продукција“. Проектот го обработува животот и делото на италијанскиот барокен сликар Чеко дел […]

„ГРАфитиМУзикаСЕнки“, во четврток мултимедијален перформанс за млади во Скопје

септември 7, 2021

Мултимедијален перформанс за млади „ГРАфитиМУзикаСЕнки“ ќе се одржи на 9 септември (четврток), со почеток од 19 часот, во Скопје. Настанот се организира од театарот „Сенки и облаци“, а истиот е поддржан од Град Скопје. Перформансот ќе се одржи пред театарот во населбата Дебар Маало, спроти кафулето Лајка. „Повелете на мултимедијален перформанс кој преку спонтани сесии […]

Со „Свири крај“ перформанс на РАИ против корупцијата, граѓаните симболично заштедеа 111 милиони денари

јуни 24, 2021

Кога сте добро организирани, 24 часа е доволно време да патувате на другата страна на планетата, да прочитате книга или да научите нова вештина. Сепак, дали знаете што друго може да се направи за 24 часа? Тоа е доволно време да се „спасат“ од уништување многу пари што државава секој ден ги губи преку добро […]

На 27 август започнува фестивалот „Џез викенд“ во Прилеп

август 24, 2020

Со премиерата на филмот „JAZZMAN – The form as a verb” од Велибор Педевски, на 27 август на летната сцена од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп започнува деветтото издание на „Jazz Weekend“. Фестивалот ќе трае до 29 август, а поради актуелната ситуација со ковид-19 пандемијата, бројот на посетители оваа година ќе биде ограничен […]

Со перформанс „Мора мораториум“ се протестираше за заштита на Охридско Езеро

јули 31, 2018

Со мирен протестен перформанс, кој тргна од Лагадин, и застанувајќи на неколку места, заврши пред зградата на Општина Охрид, денеска балерината Гарсиа Елена од театарот „Баљшој“ од Москва, Охрид SOS и здружението Стар Лагадин, поддржани од Go green – Биди зелен, Фронт 21/42 и Здружението за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н., заедно со […]

Фестивалот АКТО во Скопје ќе понуди перформанси и музика

октомври 26, 2017

Во рамките на своето 12. издание во Скопје, фестивалот за современи уметности АКТО утре и задутре во кино „Култура“ и во Железничка зграда ќе понуди повеќе уметнички содржини. Фестивалот ќе почне утре со отворен штанд за продажба на независни музички изданија од македонски автори, во холот на кино „Култура“. Потоа, од 20 часот, на истата […]

Српски уметник приведен поради маска со ликот на Вучиќ

октомври 21, 2017

Српскиот уметник Владан Јеремиќ синоќа биле приведен од полицијата пред Музејот на современа уметност во Белград по изведувањето на уметничката акција во рамките на настанот „Салон на неподмитливите“, јавува балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“. Посетителите на оваа акција биле поканети да станат „сендвич-човек“, односно да стават маска со ликот на претседателот на Србија, Александар […]

Граѓанската акција „Ние одлучуваме“ денеска во 13 часот ќе одржи перформанс во Градскиот парк

октомври 30, 2016

Граѓанската акција „Ние одлучуваме“ денеска во 13 часот ќе одржи перформанс со кој на граѓаните ќе им покаже колку е важно на претстојните избори на 11 декември да излезат на гласање. Перформансот ќе се одржи кај фонтаната во Градскиот парк во Скопје. Караванот на граѓанската акција „Ние одлучуваме!“ вчера одржа перформанси во Куманово, Струмица и […]

Граѓанската акција „Ние одлучуваме!“ одржа перформанси во неколку градови

октомври 30, 2016

Граѓанската акција „Ние одлучуваме! Бараме промени! Можеме подобро!“ во текот на вчерашниот ден организираше акции и перформанси во Куманово, Гевгелија и во Струмица. Тимови на граѓански активисти можеа да се забележат на најфреквентните локации низ градовите. Тие дискутираа со жителите за нивните проблеми и за тоа колку е важно сите да излезат на предвремените парламентарни избори кои се […]

На затворањето на „Браќа Манаки“, водителката ги собу чевлите и ги фрли кон публиката

септември 18, 2016

На свеченото затворање на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола, водителката се качи на сцена и се собу боса, а чевлите ги фрли кон публиката. По ова, обезбедувањето ја отстрани од сцената. Девојката што ја отстранија од сцената требаше да учествува во перформансот на Мартин Кочовски за затварањето, чија изведба беше откажана. Кочовски го обвини фестивалот дека […]

Страна 1 од 2