Вечерва во „Котур“ премиера на перформансот „Два пати Мери“

Се работи за интердисциплинарен перформанс кој комбинира изложба на фотографии, театарска претстава, видео и поезија

Фото: Фејсбук страница на „Котур“

Вечерва во „Котур кафе и филм“, ќе се одржи премиерата на перформансот „Два пати Мери“. Тоа е интердисциплинарен перформанс кој комбинира изложба на фотографии, театарска претстава, видео и поезија.

„Се изведува од два тима во исто време на две различни локации, во Прага и во Скопје. Публиката ќе може низ сите канали да го следи животот на двајца луѓе, да види како се претвораат во насилник и жртва, и која е улогата на општеството во таа трансформација. Целиот перформанс е инспириран од македонски (и балкански) традицонални поговорки кои ја пренесуваат „мудроста” од генерација на генерација, оставајќи траги и лузни“, информираат организаторите.

Перформансот е организиран од Скоро Театар, а финансиран од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка и СМАРТ БАЛКАНС – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан. Билетите се во продажба преку продажната мрежа на karti.com.mk. Во Скопје играат Матеа Јанковска и Никола Ристески, а од Прага преку видео Виктор Бужаров и Иф Атанасова. Текстот на перформансот е на Натали Спасова, а пооезијата на Иф Атанасова. Во перформансот исто така е поставена и фото изложбата на Филип Куновски а музиката е на Александар Бошков.