fbpx

Перформанс на Ширли Харти Убила и предавање на Марина Гржиниќ на Викендот на гордоста 2023

Со почеток во 21 часот вечерва, во МКЦ ќе се одржи перформансот „Абјектот на желбата“ (Abject of Desire), во изведба на уметницата со чилеанско и шведско потекло Ширли Харти Убила

-

Во рамки на Фестивалот за квир култура, уметност и теорија Викенд на гордоста 2023 овој викенд ќе се одржат уште два настани во рамките на тематиката на неговото годинашно издание: КВИР-ХРОНОПОЛИТИКИ: Историја, афекти, утопии.

Со почеток во 21 часот вечерва, во МКЦ ќе се одржи перформансот „Абјектот на желбата“ (Abject of Desire), во изведба на уметницата со чилеанско и шведско потекло Ширли Харти Убила, која работи и живее во Стокхолм.

„Абјектноста“ во делото што ќе го изведе во Скопје се однесува на човечката реакција (на терор и повраќање) на заканата од пропаста на значењето предизвикано од исчезнувањето на разликата меѓу субјектот и објектот или меѓу себе и другиот. „Желбата“ го означува силното посакување, копнеж и чезнење, несовладливото чувство или потреба, сексуален апетит и похота. Перформансот претставува дејство и постојан однос на контрадикции. Изведувајќи ја Другоста, Ширли го насочува окото на набљудувачот така што неговата перцепција станува огледало на субјектот. Силно верува дека создавањето на уметноста е нежен, силен и опасен начин да се промисли како да се живее во овој свет. Од неодамна е насочена кон проучување на начините на кои социјално-конструираните идентитети кои зависат и потекнуваат од нашите односи со другите и начинот на кој таа води преговори со својот летинкс квир-идентитет во рамки на белечката перформативна уметничка традиција.

Утре од 13 часот во Музејот на современа уметност (МСУ) познатата современа теоретичарка, философка и уметница Марина Гржиниќ ќе го одржи предавањето „ПАНКОТ и поранешната југословенска ЛГБТКИА+ заедница во Словенија и пошироко: Распетлување на сексот и политиката во расниот капитализам“.

По предавањето, во просторот на Музејот на современа уметност ќе има неделно матине со музичка селекција на Артан Садику.

Повеќе информации за настаните на Викенд на гордоста 2023 може да се видат тука.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...