fbpx

Републиканците во Сенатот ја блокираа помошта за Украина и Израел

Ова не може да чека. Републиканците во Конгресот се подготвени да му го дадат на Путин најголемиот подарок на кој може да се надева, изјави американскиот претседател Бајден

-

Републиканските членови во американскиот Сенат го блокираа потегот за усвојување на нацрт-законот за помош на Украина, откако не успеаја да обезбедат компромиси за зголемување на контролата над јужната граница на САД што ги бараа во замена.

Пакетот од 110 милијарди долари вклучуваше 61 милијарди за Украина, како и средства за Израел и помош за Газа, пренесува Би-би-си.

Белата куќа предупреди дека американските средства за Украина наскоро би можеле да се исцрпат.

И додека републиканските членови генерално поддржуваат помош за Украина, некои од нив се обидоа да го искористат ова прашање како начин за решавање на зголемените домашни грижи околу заштитата на јужната граница на САД.

Сенаторите, меѓу кои и сите Републиканци, гласаа со 51 наспрема 49 против напредувањето на законот, за чие носење беа потребни 60 гласови. Гласањето фрла неизвесност за иднината на американската помош на Украина и ги враќа пратениците на преговарачка маса на само неколку дена пред Конгресот да ја закаже зимската пауза.

Републиканците инсистираат секоја помош за Украина да биде поврзана со сеопфатните реформи во САД за имиграција и азил.

Американскиот претседател Џо Бајден вчера рече дека е подготвен да направи „значителни компромиси на границата“ со цел да се изгласа законот за помош.

„Ова не може да чека. Републиканците во Конгресот се подготвени да му го дадат на Путин најголемиот подарок на кој може да се надева“, изјави Бајден.

Администрацијата на Бајден вчера објави нова безбедносна помош за Украина од 175 милиони долари преку финансирање кое веќе е одобрено. Пакетот вклучува муниција – ракети и артилериски гранати, како и опрема за заштита на критичната национална инфраструктура.

Претходно, во вторникот, шефот на украинскиот претседателски кабинет, Андриј Јермак, пред публиката во Американскиот институт за мир изјави дека неуспехот да се обезбеди поголема американска помош ќе значи многу голема можност војната да биде изгубена и дека ќе биде невозможно да се продолжи со ослободување на областите кои се под контрола на Русија.

Откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година, американскиот Конгрес одобри над 110 милијарди долари воена и економска помош за Украина, од кои повеќето средства се веќе дистрибуирани.

Украинските власти постојано нагласуваат дека сметаат оти помошта од САД е витална за способноста на силите на земјата да им се спротивстават на Русите и повторно да ја заземат окупираната територија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...