fbpx

Нови напади на Русија кон Украина, Франција најави нова помош

Силите за противвоздушна одбрана на Украина уништиле 18 воздушни цели, девет крстосувачки ракети и девет летала, соопшти командантот на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина, Микола Олешчук, пренесува Укринформ

-

Ноќта помеѓу саботата и неделата, Русија истрела 14 крстосувачки ракети и нападна со 11 беспилотни летала, балистичка и наведувана ракета кон територијата на Украина. Силите за противвоздушна одбрана на Украина уништиле 18 воздушни цели, девет крстосувачки ракети и девет летала, соопшти командантот на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина, Микола Олешчук, пренесува Укринформ.

Украинските медиуми пренесуваат изјава на францускиот министер за вооружени сили Себастиен Лекорну во интервју за Ла Трибјун дека Франција ќе и достави на земјата стотици оклопни возила, ракети Астер и муниција управувана од далечина, како дел од новиот пакет воена помош.

„За да одржи толку обемна линија на фронтот, на украинската армија и се потребни нашите возила ВАБ, тие се апсолутно неопходни за мобилноста на војниците. Зборуваме за стотици од нив за 2024 година и почетокот на 2025 година“, рече министерот Лекорну.

Според извештајот, некои од оклопните борбени возила ВАБ се стари повеќе од 40 години, но се уште се во функција. Француската армија ги заменува со нови оклопни возила Грифон. Лекорну истакна дека пакетот помош ќе вклучува и повеќе противвоздушни ракети Астер 30 за лансери САМП/Т, слични на системите за воздушна одбрана Патриот испорачани од САД.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Како порталот Спутник, гласноговорник на Кремљ, известуваше за македонските избори?

Два лајт мотива беа содржани во најголемиот дел од анализите и текстовите за изборите во Северна Македонија низ призмата на проруски Спутник. Првиот е дека С. Македонија има притисоци...