fbpx

Британска помош за зајакнување на НАТО капацитетите на МНР

„Обединетото Кралство беше постојан партнер во поддршката на интеграцијата на Северна Македонија во НАТО алијансата. Овој проект е уште еден пример за континуираната поддршка на Обединетото Кралство за Северна Македонија како сојузник во НАТО, со цел развој на капацитетите и вештините за да може да продолжи да придонесува и да исполнува позначајна улога како членка на НАТО“, рече амбасадорот Лосон

-

Министерот за надворешни работи Бујар Османи и амбасадорот на Обединетото Кралство Метју Лосон потпишаа Меморандум за соработка за реализација на проектот за менторство и градење на капацитетите на Директоратот за НАТО и политичко-безбедносни прашања при Министерството за надворешни работи (МНР), информираат од МНР.

„Со денешното потпишување на Меморандумот дополнително го зацврстуваме нашето сојузништво во рамки на НАТО Алијансата и ја збогатуваме договорната рамка меѓу двете земји. Обединетото Кралство, како наш значаен сојузник и пријател, придонесува за натамошно зајакнување и развој на капацитетите на Министерството за надворешни работи, со цел уште поефикасно остварување на нашата политичка и координативна улога околу разни прашања врзани со членството на Северна Македонија во Алијансата“, истакна Османи.

„Обединетото Кралство беше постојан партнер во поддршката на интеграцијата на Северна Македонија во НАТО алијансата. Овој проект е уште еден пример за континуираната поддршка на Обединетото Кралство за Северна Македонија како сојузник во НАТО, со цел развој на капацитетите и вештините за да може да продолжи да придонесува и да исполнува позначајна улога како членка на НАТО“, рече амбасадорот Лосон.

Амбасадорот Метју Лосон додава дека донациите на Обединетото Кралство под формата на опрема, обезбедување инструктори за обука, упатување советници и учество во заеднички вежби придонесоа за исполнување на заедничката цел – обезбедување мир, стабилност и безбедност во регионот. Воедно, додаде дека овие напори се доказ за заложбите на двете земји за гарантирање на колективната одбрана и безбедност на НАТО Алијансата.

Проектот е предвидено да трае до март 2024 година и преку упатување на резидентен експерт се очекува да придонесе за вешто и високо компетентно учество на Министерството за надворешни работи и цивилните експерти во работата на структурите на НАТО. Дополнително, проектот треба да придонесе и за целокупната подготвеноста на нашите институции за обезбедување високо ефективен и ефикасен менаџмент на политичките улоги во областа на безбедносната политика и безбедносни прашања.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...