среда, 12 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: Метју Лосон | 23 резултати

Шаќири во мај во Лондон ќе учи какви образовни политики да спроведе

25 јануари 2024

Британскиот амбасадор во Македонија, Метју Лосон и директорката на Британскиот совет за Западен Балкан, Клер Сиарс, денеска го поканија министерот за образование Јетон Шаќири да присуствува на Светскиот образовен форум кој ќе се одржи во мај во Лондон. Тие на средба со министерот, го потсетија дека во тек се подготовки за организација на најголемиот светски […]

Британска помош за зајакнување на НАТО капацитетите на МНР

28 септември 2023

Министерот за надворешни работи Бујар Османи и амбасадорот на Обединетото Кралство Метју Лосон потпишаа Меморандум за соработка за реализација на проектот за менторство и градење на капацитетите на Директоратот за НАТО и политичко-безбедносни прашања при Министерството за надворешни работи (МНР), информираат од МНР. „Со денешното потпишување на Меморандумот дополнително го зацврстуваме нашето сојузништво во рамки […]

Силната трговска размена крунисана со основање на Британска бизнис асоцијација во Скопје

27 септември 2023

Велика Британија се наоѓа на втората позиција меѓу земјите со најголем обем на стокова размена што земјава ги има со странство, додека Северна Македонија е најголемиот трговски партнер на Обединетото Кралство на целиот Западен Балкан. Оваа силна трговска размена што ја имаат двете земји во изминативе години е крунисана со основањето на Британската бизнис асоцијација […]

10 години НМСМ: Деценија на заедничко дејствување, останува предизвикот младите да се вклучени во сите процеси

29 јуни 2023

Создаден во 2013 година како можно решение на многуте предизвици со кои тогаш се соочуваа младите во земјава, Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) изминативе години остана доследен на целта на своето постоење. Оттогаш до денес се променија многу нешта, а младите имаа можност да бидат консултирани во делот на политиките, се донесе закон за […]

Одбележани 30 години од дипломатските односи меѓу С.Македонија и Обединетото Кралство

15 јуни 2023

Амбасадата на Обединетото Кралство во Скопје вчера вечер во Музејот на современа уметност организираше настан по повод 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство, како и одбележување на роденденот на британскиот крал Чарлс Трети, информираат од амбасадата. На настанот присуствуваше специјалниот пратеник за Западен Балкан, лордот Стјуарт Пич и […]

Метју Лосон: Чест ми е што зборувам македонски јазик со луѓето во оваа прекрасна земја

5 мај 2023

Денеска, на 5 Мај се одбележува Денот на македонскиот јазик. По тој повод, британскиот амбасадор Метју Лосон објави видео на кое зборува на македонски и вели дека му е чест што има можност да го учи јазикот. „Денес го одбележуваме Денот на македонскиот јазик. Како британски амбасадор, чест ми е што имав можност да го […]

Британскиот амбасадор Лосон на дебата за родовата нарација во британската книжевност и култура

20 април 2023

Во Институтот за македонска литература, а во соработка со Британската амбасада во Скопје, платформата за креативен дијалог и критичко размислување „Книжевни рефлексии“ вчера ја продолжи мисијата за поврзување на британската и македонската книжевност и култура со втората дебата на тема „Родовата нарација во британската книжевност и култура“. Адресирајќи горливи општествени прашања како родова еднаквост, слобода […]

Со британска поддршка ќе се мери успешноста на институциите во имплементирањето владини политики

12 април 2023

Амбасадорот на Обединетото Кралство во Северна Македонија, Метју Лосон и вицепремиерката задолжена за политики на добро владеење, Славица Грковска денеска го промовираа проектот „Преосмислување на управувањето“, кој кабинетот на вицепремиерката Грковска и Генералниот секретаријат на Владата ќе го реализираат во соработка со Центарот за управување со промени и со британска поддршка. „Функционални и ефикасни институции […]

Амбасадорот на Обединетото Кралство за почетокот на реализацијата на Меѓународната стратегија за жените и девојките 2023-2030 

23 март 2023

Понекогаш се чини дека борбата за родова еднаквост станува сѐ потешка и потешка. Жените во Иран се малтретирани поради начинот на којшто се облекуваат, девојките во Авганистан се спречени да одат на училиште, а од боиштата во Украина доаѓаат и приказни за грозоморно сексуално насилство. Обединетото Кралство (ОК) ги става жените и девојките во срцето […]

Преку „Книжевни рефлексии“ се поврзуваат британската и македонската книжевност

2 март 2023

Платформата за креативен дијалог и критичко размислување „Книжевни рефлексии“ ја започна својата мисија за поврзување на британската и македонската книжевност и култура со првата дебата на тема „Книжевноста како браник на слободата“ која се одржа минатиот вторник во Институтот за македонска литература во соработка со Британската амбасада во Скопје. Авторката и раководителка на проектот, Ана […]

Британскиот амбасадор Метју Лосон ја посети општина Гостивар

31 јануари 2023

Градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари денеска во неговиот кабинет го прими британскиот амбасадор во Скопје, Метју Лосон. Тој му се заблагодарил за континуираната поддршка на Обединетото Кралство, како еден од нашите најважни сојузници во НАТО, за развојот и стабилноста на земјата. Ова е прва посета на амбасадорот Лосон на Гостивар. „Со амбасадорот Лосон се […]

Aмбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон реагираше за корупцијата

9 декември 2022

По повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата – 9 Декември, амбасадорот на Обединетото Кралство (ОК), Метју Лосон, изрази загриженост поради состојбата со корупцијата во земјава, но и порача дека може да се смета на поддршка од ОК во справувањето со коруцијата. „Апсолутно суштинско е справувањето со корупцијата“, порача Лосон во својот твит. „Неодамнешните вознемирувачки […]

Британската амбасада со иницијатива „Засади дрво за јубилејот“ за одбележување на Платинестиот јубилеј на Елизабета Втора

24 ноември 2022

На почетокот на оваа година, Британската амбасада во Скопје покрена иницијатива „Засади дрво за јубилејот“ за да се одбележи 70-от Платинест јубилеј на Кралицата Елизабета Втора. „Беа поканети сите, од поединци, градови, училишта и компании да дадат свој придонес во збогатувањето на животната средина со засадување на дрво и Британската амбасада во Скопје ја започна […]

Нуредини се сретна со амбасадорот Лосон, потврдени политиките за транзиција кон зелена економија

19 октомври 2022

Министерот за животна средина Насер Нурдини се сретна со новименуваниот амбасадор на Обединетото Кралство, Метју Лосон, со кој разговараше за добрата соработка на двете држави во заштита на животната средина со фокус на климатските промени и остварување на амбициозните климатски цели. Нуредини го информираше Лосон за стратешките определби на Министерството и на државата и во […]

Британскиот амбасадор Метју Лосон положи испит за македонски јазик

17 октомври 2022

Метју Лосон, британскиот амбасадор во земјава положил испит за познавање на македонски јазик, ниво Ц1. Тој за ова објави на Твитер, каде што постирал и кусо видео обраќање во кое им порачува граѓаните да го негуваат јазикот и културата. „Одличен почеток на неделата со сертификат за положен испит по македонски јазик. Ми претставува чест и […]

Средба Ковачевски – Лосон: Поддршка од Обединетото Кралство за реализација на стратешките цели

18 август 2022

Премиерот Димитар Ковачевски се сретна со Метју Лосон, новиот амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во нашата држава, информираат од владината прес-служба. На состанокот е потврдено големото пријателство помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство и е потенцирана заедничката определба за унапредување на соработката во економијата, во одбраната – како партнерски држави […]

Пендаровски ги прими акредитивните писма на новиот амбасадор на Обединетото Кралство, Метју Лосон

27 јули 2022

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Метју Лосон. На свечената церемонија, претседателот Пендаровски истакна дека Република Северна Македонија придава големо значење на развојот на односите и соработката со Обединетото Кралство, оценувајќи дека Обединетото Кралство имаше суштинска улога во развојот на Македонија […]

Новиот британски амбасадор Лосон му ги предаде акредитивните писма на министерот Османи

20 јули 2022

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ги прими копиите од акредитивните писма на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во нашата држава, Метју Лосон, информираат од Министерството за надворешни работи (МНР). Министерот Османи му посака успешна мисија на новиот амбасадор и го истакна задоволството од одличните македонско […]

Метју Лосон од јули ќе биде нов британски амбасадор во земјава

13 април 2022

Британската влада денеска соопшти дека Метју Лосон е именуван за нов британски амбасадор во Северна Македонија. Тој ќе стапи на должност во јули годинава на местото на актуелната амбасадорка Рејчел Галовеј, на која ѝ истекува на мандатот. Лосон доаѓа во Скопје откако претходно ја вршел функцијата британски амбасадор во Душанбе, Таџикистан. Во неговата професионална биографија […]

Страна 1 од 1