fbpx

Орбан блокираше 50 милијарди евра од ЕУ за Украина

Украина очекува и 61 милијарди долари од САД. Откако беше одложена, се очекува за оваа транша да се решава во Вашингтон на почетокот на следната седмица.

-

Унгарија, односно нејзиниот премиер Виктор Орбан, вчера ја блокираа помошта од ЕУ за Украина во износ од 50 милијарди евра, кратко откако европскиот блок донесе одлука за почнување пристапни преговори со Украина и Молдавија.

„Резиме на ноќната смена: вето за дополнителни пари за Украина“, изјави Орбан по разговорите на самитот во Брисел.

Унгарскиот премиер го напушти состанокот, а потоа останатите 26 лидери на земјите-членки на ЕУ ја изгласаа одлуката за почеток на пристапните преговори. Унгарија сепак, не стави вето на таа одлука.

За унгарското радио Орбан утрово кажа дека „се борел“ осум часа за да ги сопре партнерите да изгласаат одлука за почеток на преговорите, но не можел да ги убеди и рече дека унгарскиот парламент се уште може да ја блокира одлуката, ако така реши.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, изјави дека договорот бил поддржан едногласно. Тој нагласи дека лидерите на ЕУ во почетокот на следната година ќе се навратат на обезбедувањето дополнителна помош за Украина и ќе се обидат да постигнат едногласна одлука.

Украина очекува и 61 милијарди долари од САД. Откако беше одложена, се очекува за оваа транша да се решава во Вашингтон на почетокот на следната седмица.

Украина и Молдавија аплицираа за членство во ЕУ набргу по почетокот на руската инвазија и во јуни им беше доделен кандидатски статус.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...