fbpx

Израел ќе се бори до „апсолутна победа против Хамас“

Им реков на нашите американски пријатели дека нашите херојски борци не паднале залудно. Од длабоката болка по нивниот пад, ние сме порешителни од било кога да продолжиме да се бориме додека Хамас не се елиминара - до апсолутна победа.

-

Израелскиот министер Бенјамин Нетанјаху на состанок со американскиот претседател Џо Бајден изјавува дека Израел ќе се бори до „апсолутна победа против Хамас“, што значи дека војната може да трае и повеќе од неколку месеци, пренесува Гардијан. 

„Им реков на нашите американски пријатели дека нашите херојски борци не паднале залудно. Од длабоката болка по нивниот пад, ние сме порешителни од било кога да продолжиме да се бориме додека Хамас не се елиминара – до апсолутна победа,” се вели во соопштението од канцеларијата на Нетанјаху.

Коментарите од Израел упатуваат на јасно отфрлање на советите од администрацијата на Бајден, која сега притиска Израел да ја прекине својата офанзива, откако американскиот претседател претходно оваа недела предупреди дека Израел ја губи меѓународната поддршка.

Истовремено, активистите за човекови права велат дека израелската војска собрала стотици Палестинци низ северниот дел на Газа, разделувајќи ги од семејствата и принудувајќи ги мажите да се соблечат во долна облека пред да ги пренесат на друга локација каде што поминале часови или во некои случаи и денови подложени на глад и студ.

Како одговор на прашањата за наводното малтретирање, израелската војска одговара дека постапката се одвивала во согласност со протоколот и дека им била дадена доволно храна и вода на Палестинците. За оние кои веруваат дека имаат поврзаност со Хамас следува дополнително испрашување, а велат и дека десетици членови на Хамас се уапсени.

Хоророт низ болниците низ Газа продолжува додека докторите се обидуваат да ги задоволат потребите на бремените жени и новороденчињата. Агенцијата за сексуално и репродуктивно здравје на Обединетите нации вели дека во јужниот дел на Газа, каде што се наоѓа поголемиот дел од населението, функционираат само 5 болници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...