fbpx

Ранливи категории граѓани ќе добијат државна помош за справување со енергетската и ценовната криза

Корисници на финансиската поддршка се корисниците на посебен додаток, на правото на надоместок заради попреченост, самохрани родители, пензионери со примања до 19.000 денари, ученици од основното, односно средното образование, чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари и студенти кои живеат надвор од местото на студирање

-

Владата на Република Северна Македонија го разгледа и утврди текстот на Предлогот на закон за финанска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани, за справување со енергетската и ценовната криза, предложен од Министерството за труд и социјална политика и го испрати до Собранието со предлог да биде разгледан и усвоен по скратена постапка.

Предлог законот ја регулира државната финансиска поддршка за повеќе ранливи категории на граѓани за справување со продолжените ефекти од енергетската и ценовната криза. Корисници на финансиската поддршка се корисниците на посебен додаток, на правото на надоместок заради попреченост, самохрани родители, пензионери со примања до 19.000 денари, ученици од основното, односно средното образование, чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари и студенти кои живеат надвор од местото на студирање.

Финансиската поддршка за корисниците на посебен додаток, на правото на надоместок заради попреченост и самохраните родители е предвидено да изнесува 2.000 денари месечно, за период од пет месеци, започнувајќи од овој месец. Поддршката пензионерите е за период од пет месеци и изнесува 3.000 денари месечно оние што земаат до 14.000 денари, 2.000 денари за оние што земаат до 16.000 денари и 1.500 денари за оние со пензии до 19.000 денари. Учениците ќе добијат поддршка 1.200 денари за основци, односно 1.800 денари за средношколци, а студенти, во зависност на висината на месечниот билет за меѓуградски сообраќај од 600 до 1.200 денари месечно, за период од седум месеци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Народната банка додели награди на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството

Народната банка, на денот на монетарната независност, 26 април, ја одржа годишната свеченост за доделување на наградата на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството. Овогодинешниот победник беше Никита...