недела, 19 април, 2026
Meta.mk

Ознака: укинување | 73 резултати

ВМРО-ДПМНЕ бара судот да ги ослободи притворените за 27 април

јануари 2, 2018

Десетици неосновано притворени граѓани наместо со своите семејства новата година ја поминаа во ладни ќелии, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и реагираат на продолжениот притвор на осомничени за насилствата во Собранието од 27 април. Од партијата велат дека притворените се „жртви на политички прогон, кои ја чувствуваат инквизицијата на 21 век на сопствена кожа“. „Притворените граѓани […]

Стејт департментот бара од Косово да не се укинува специјалниот суд за воени злосторства

декември 30, 2017

Американскиот Стејт департмент изрази длабока загриженост поради обидите на косовскиот парламент да го укине законот за новоформираниот специјален суд за воени злосторства, кој треба да им суди на команданти на Ослободителната војска на Косово (ОВК) за злосторства извршени за време на конфликтот од 1998 до 2000 година. Вчера и Амбасадата на САД во Приштина соопшти […]

Советот за утврдување на факти бара да не биде укинат до Нова година

ноември 22, 2017

Советот за утврдување на факти, кој треба да биде укинат со предлог-закон, бара од Собранието и од Министерството за правда престанокот на работа да важи од први јануари 2018 година, а не со денот на објавување на новото законско решение во „Службен весник“. Од Советот денеска соопштија дека во понеделникот доставиле барање до Собранието и до […]

Собранието го изгласа укинувањето на Советот за јавни набавки

ноември 9, 2017

Собранието денеска ги донесе измените на Законот за јавни набавки по скратена постапка, со кои се укинува Советот за јавни набавки. Министерот за финансии, Драган Тевдовски пред пратениците рече дека Советот не успеал да ги оствари целите поради кои бил формиран и дека со неговото укинување ќе се отстранат бирократските процедури, кои како што рече, […]

Владата го утврдила текстот на одговорите на прашалникот на ЕУ за напредокот на Македонија

ноември 3, 2017

Владата на денешната 35. седница го разгледала и го утврдила текстот за придонесот на Македонија кон извештајот на Европската комисија, соопшти владината служба за информирање. Текстот се однесува на прашалникот на Европската Унија за утврдување на напредокот на земјата во евроинтеграцискиот процес. Исто така, на денешната седница Владата го почнала процесот за измени и дополнувања […]

Психолошкиот тест отпаѓа како услов за јавните службеници и функционери

октомври 5, 2017

Со голем број предлог-закони за измена на постојните, власта се подготвува за исфрлање на психолошкиот тест и на тестот за интегритет како услови за вработување раководни лица и службеници во јавната администрација и во јавните установи, се гледа при прелистувањето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (ЕНЕР). Истовремено, во сертификатите за познавање […]

Груби: Јавното обвинителство донесе правична одлука за „Монструм“

октомври 4, 2017

Пратеникот на ДУИ во Собранието, Артан Груби, денеска од името на партијата ја поздрави одлуката на Јавното обвинителство, кое вчера побара од Врховниот суд да ја укине пресудата на Кривичниот и на Апелацискиот суд за случајот „Монструм“ и да го врати предметот на повторно судење. Тој, на прес-конференција во седиштето на ДУИ во Скопје, истакна […]

Гешковска: Сè во врска со „Монструм“ беше направено по закон и со докази

октомври 4, 2017

Сè во врска со обвинението за случајот „Монструм“ беше направено според закон и врз основа на докази, вели за „Мета“, обвинителката Гордана Гешковска, која го застапуваше обвинението за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро. Гешковска не сакаше да го коментира барањето на Јавното обвинителство за укинување на пресудите на Кривичниот и на Апелацискиот суд и за […]

ЗНМ: Со укинувањето на рекламите ќе прекине коруптивната врска меѓу власта и медиумите

август 24, 2017

Укинувањето на рекламите ќе ги ослободи медиумите од финансиската зависност од Владата, која во изминатиот период стана еден од најголемите огласувачи во медиумите, велат од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), по повод одлуката на Владата да ги укине владините реклами во приватните медиуми. Од ЗНМ сметаат дека на тој начин „ќе се прекине коруптивната врска […]

Трамп го нападна лидерот на републиканците во Сенатот поради „Обамакер“

август 10, 2017

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска остро го критикуваше лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел, поради неуспехот во укинувањето на законот за здравствена заштита (Обамакер) и донесувањето нов закон, јавуваат американските медиуми. Трамп го обвини Меконел дека е виновен за неуспехот на републиканците, кои имаат мнозинство во Сенатот, да го укинат законот за здравствена […]

Советот за утврдување факти вели дека неговото укинување би било чекор назад

јули 26, 2017

Заложбата на официјалните институции надлежноста на Советот за утврдување факти повторно да се инкорпорира во идниот Судски совет на Република Македонија не е ништо друго туку прифаќање на принципот „кадија те тужи – кадија те суди“, кој е ретрограден и напуштен во многу области, вели Сашо Поцевски, претседател на Советот за утврдување на факти и […]

Божиновска: Укинувањето на титулата национален уметник е понижувачко

јули 21, 2017

Укинувањето на Законот за национален уметник на Република Македонија претставува врв на понижувањето на сопствените културни дострели од страна на СДС, министерот Алаѓозовски и на Зоран Заев, изјави денеска на прес-конференција Валентина Божиновска од ВМРО-ДПМНЕ. – Со овој предлог-закон, Зоран Заев, Алаѓозовски и СДС брутално го погазија домашното културно творештво и ги потценија достигнувања на […]

ВМРО-ДПМНЕ: Политиката на СДСМ е „не ме гледај што правам, слушај ме што зборувам“

јуни 19, 2017

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ попладнево на две одделени прес-конференции реагираше на назначувањето на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за потпретседател на СДСМ и на укинувањето на дисперзираните студии од страна на Владата. – СДС продолжува со лицемерната политика, која најдобро е опишана во народната поговорка „не ме гледај што правам, слушај ме што зборувам“. Зоран Заев […]

Нелоски: СДСМ укинувајќи ги дисперзираните студии уништи благородна идеја

јуни 18, 2017

„СДС ги укинува дисперзираните студии на дел од високо образовните установи, без притоа да направи анализа на досегашните резултати, без да го почитува високиот интерес за овој тип студии и, конечно, без да спроведе, како што често милуваат да кажат – јавна дебата за носење на оваа одлука“, обвини Владимир Нелоски, член на извршниот комитет […]

СЈО бара од Врховниот суд да пресече за замрзнувањето на имотот на ВМРО-ДПМНЕ

јуни 16, 2017

Специјалното јавно обвинителство преку барање за заштита на законитоста испратено до Врховниот суд, ја оспори одлуката на Кривичниот суд, кој одби да замрзне дел од имотот на ВМРО-ДПМНЕ, за кој, според СЈО, постојат сомневања дека е стекнат на криминален начин. Неофицијално, станува збор за зградата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, која е дел од имотот што […]

Од денеска нема повеќе роаминг во земјите на ЕУ

јуни 15, 2017

Денеска официјално стапува на сила укинувањето на роамингот за сите корисници на мобилни телефони во земјите на Европската Унија. Владите и институциите на земјите членки на Европската Унија потпишаа договор за техничките услови за намалувањето на давачките за роаминг на телекомуникациските оператори, а тој беше изгласан на седници на Советот на Европа и на Европарламентот. […]

Министерство за образование: Екстерното тестирање е укинато

јуни 2, 2017

Со објавувањето на трите закони за измена на законите за основното образование, за средното образование и за наставниците во основното и во средното образование во „Службен весник на Република Македонија“ бр.67 од 1 јуни 2017 година, екстерното тестирање во Македонија е укинато и нема да се спроведува, соопшти Министерството за образование и наука (МОН). „Сите […]

Дескоска за утре најави укинување на екстерното, Ристовски обвини за популизам

мај 31, 2017

Првиот чекор во образованието го правиме со тоа што утре на дневен ред на седницата на Собранието ќе се најдат три закони со кои ќе биде укинато екстерното тестирање во основните и во средните училишта, изјави денеска на прес-конференција, кандидатката за нов министер за образование, Рената Дескоска, додавајќи дека за таа цел денеска е одблокирана […]

Лутфиу апелира пратениците по скратена постапка да го укинат екстерното тестирање

мај 26, 2017

Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу апелираше пратениците што поскоро да го процесираат законот за укинување на екстерното тестирање, кои го подготвиле парламентарните групи на СДСМ и ДУИ. Ако не се стигне со роковите за укинување на екстерното тестирање, министерот Лутфиу советуваше да се почитуваат роковите за спроведување на овој начин на тестирање, кое […]

Ристовски: Укинувањето на екстерното не е реформа туку е антиреформа

мај 19, 2017

Намерата на СДСМ да го укине екстерното тестирање не е реформа, туку антиреформа и претставува додворување на дел од родителите кои се третираат само како потенцијални гласачи, а не и како луѓе на кои државата треба да им обезбеди подобро образование за нивните деца и да бидат поуспешни во животот, изјави денеска Спиро Ристовски од […]

Страна 2 од 4