fbpx

ДУИ најави амандман за укинување на патните трошоци на сите функционери

-

Пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми на комисиската расправа за финансирање и буџет најави дека пратеничката групa на ДУИ ќе поднесе амандман за укинување надоместокот за патни трошоци на сите функционери.

Според него, новинарите немале други теми и им вршеле атак на пратениците и ги направиле „дежурни виновници“.

– Ајде на овој начин да ги испровоцираме другите функционери и да не сме ние на мета постојано. Да се жртвуваме, за новинарите да не пишуваат за нас – рече Адеми.

На Адеми му реплицираше независниот пратеник кој е дел од владејачката коалиција, Павле Богоевски кој се согласи со него, но вели дека ова решение е само привремено.

Предлогот на власта за кратење на патните трошоци денеска се најде пред членовите на комисијата за финансирање и буџет, а веќе утре е ставен на дневен ред и на законодавно- правната комисија и комисијата за политички систем.

Со измените се предвидува надоместокот кој пратениците го добиваат за секој поминат километар, зависно од цената на горивото, од досегашните 30 отсто да се намали на 20 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...