fbpx

„Велт“: Турција ги шпионира германските пратеници

-

Германската федерална полиција ги предупреди пратениците дека можеби се шпионирани од турски разузнавачки служби и оти може да се соочат со безбедносни ризици од Турци.

Германскиот весник „Велт“ објави дека извештајот на германската федерална полиција би можел дополнително да ги влоши односите меѓу Турција и Германија.

Агенцијата „Ројтерс“ наведува дека кабинетот на федералната криминална полиција неделава спровел таканаречени „безбедносни разговори“ со неколку пратеници. Разговорите, наводно, се за можен надзор кој го вршат турските разузнавачки служби, како и за безбедносните ризици што ги претставуваат турските државјани.

Германската федерална полиција не ги коментира наводите на „Велт“.

Главниот федерален обвинител на Германија во јануари поведе истрага за можно шпионирање на турските свештеници, кои турската влада ги испратила во Германија, додека во март годинава беше отворена друга, неповрзана истрага за наводна шпионажа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...